Чекање ред, култура, став кон ладно време: Едноставни и генијални работи кои може да ги научиме од Британците
Чекањето ред се почитува максимално
Во Британија не постои таква фраза како „само да прашам нешто“. Жителите овде имаат талент да си чекаат културно во ред без да прават кавги и скандали, прифаќајќи го фактот сосема нормално.
Единственото отстапување од правилото е кога на ескалатор сите стојат на десната страна, за да остават простор за оние кои се брзаат и не можат да чекаат да се возат.
Култура и смиреност
Британците се смирен народ кој не избувнува на секоја ситуација, а има огромно ниво на култура и манири.
Тие се љубезни дури и со оние кои не ги познаваат, а ако се сретнат со познаник на улица, на прашањето „како си“, тие нема да објаснуваат 20 минути за нивниот приватен живот, туку го ценат времето на секого и само културно ќе одговорат „добро.“.
Став кон фудбалот
Се смета дека модерниот фудбал е создаден токму овде, имаат голем број на фудбалски клубови и ѕвезди, а жителите се огромни фанови на спортот - од најмали до најстари сите имаат свои фанови за кои се подготвени да одат до крајот на светот.
Музеите и театрите не се празни
Голем број Британци го сакаат театарот повеќе и од фудбалот, а луѓето сакаат да одат на претстави многу често, како и да посетуваат музеи. Тие имаат посебна култура и тоа е нешто што дефинитивно треба да се практикува секаде.
M. M. | Црнобело