Најпознатите приказни за археолошките откритија кои се поврзуваат со вонземјаните
Од самиот почеток на нашиот видн луѓето биле склони кон креативно решавање на проблемите, обликувајќи го светот на фантастичен начин. Меѓутоа, за многу луѓе креативноста и извонредноста не е одговорот на прашањето зошто успеавме да изградиме аквадукти, пирамиди и високи, имагинативни споменици пред Индустриската револуција.
Можно ли е дека сепак луѓето имале помош од вонземјански суштества? Можеби стигнавме до точка во која Земјата повеќе не ни е толку мистериозна како порано, бидејќи имаме одговор за речиси сите „натприродни“ појави.
Како нуспојава на ова разочарување, возбудата ја бараме во филмовите и сериите за вонземјаните, бидејќи Универзумот останува неистражена област во секоја смисла.
Ова се некои од најпознатите приказни за археолошките откритија кои се поврзуваат со вонземјаните:
Череп од Паракас
Познатиот перуански археолог, Хулио Тело, открил некропола која стана извор на митски приказни. Некрополата содржеше 429 мумии стари 2500-3000 години. Ова откритие, исто така, доведе до подобро разбирање на погребната пракса за овој период.
Секоја мумија била завиткана во памук и поставена кон север. Сите тела беа тела на мажи и сите беа погребани со подароци, што сугерира дека се работи за луѓе кои имале висок статус во општеството.
Друг показател на висок статус е издолжен череп. Културната деформација на черепот е позната во светот на археологијата и антропологијата, и е карактеристична за многу култури.
За некои луѓе ова објаснување не е доволно. Некои луѓе теоретизираа дека овие черепи се доказ за нов тип на луѓе кои веројатно имаат вонземско потекло.
Ѕвездено дете
Во 1999 година, неколку истражувачи на паранормално тврделе дека нашле череп на дете во Ел Пасо, Тексас. Черепот се наоѓал во рудник во Мексико, а погребан е заедно со остатоците на една возрасна жена. Черепот е крајно издолжен, а врз основа на анализата на забите се проценува дека детето имало околу 5 години.
Врз основа на мерењата на черепот, истражувачите тврдеа дека детето е хибрид на човек и вонземјанин или е резултат на генетско експериментирање.
ДНК добиена од черепот покажа дека се работи за човечко дете кое страдало од конгенитален хидроцефалус, болест позната како „водена глава“. Оваа состојба е резултат на абнормална акумулација на течности во шуплините на мозокот, што резултира со покачен притисок и зголемување на черепот.
Х.П. Ловкрафт, мајсторот на хоророт и авторот на приказните за вонземјаните, беше пионер на многу техники кои денес ги поткрепуваат популарните филмови, стрипови, видеоигри, книги и теории на заговор.
Иако се работи за фикција, што самиот Ловкрафт има кажано неброено многу пати, неговите приказни станаа база на теориите на заговор за античките вонземјани и за тајните друштва во кои денес веруваат многу луѓе.
Популарноста на Ловкрафт се зголеми во исто време кога мејнстрим медиумите објавија бројни приказни за античките археолошки откритија.
Во периодот помеѓу светските војни, весниците како „Њујорк тајмс“ пишуваа за опасните археолошки откровенија, за клетвите на старите кралеви, за кристалните черепи создадени од вонземјани и сл.
Без сомнеж, приказните за вонземјаните секогаш ќе бидат поинтересни од научните теории, што можеби и не е толку лошо, бидејќи само со скептицизам и сомневање, како и со создавање на теории можеме да се развиваме во креативна смисла.
Ашера | Црнобело