Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Науката тврди: Сосема е во ред да сме сами

Се чини дека доаѓа крај на стигмата дека е подобро да сме во каква и да било врска отколку да сме сингл.

naukata-veli-sosema-e-vo-red-da-sme-sami-01.jpg

Тоа се должи пред сè на промената на целосниот ментален склоп и традициите, а е поддржано и од социолошките и економските стандарди. Затоа е и сосема во ред луѓето да имаат доволно слобода да одлучат дали со некого ќе останат подолг период од животот или пак, само во следните неколку часа.

Психологија на самотијата

Запознавањето на себе не е секогаш лесна задача. Понекогаш на личноста ѝ е потребно да помине неколку години во самотија, за целосно да се осознае себе и точно да знае што сака понатаму од животот.

Доколку тоа не се случи, можно е да влегува во најразлични врски и меѓучовечки односи и никогаш да не биде сигурна што всушност ја прави среќна и која е нејзината вредност.

naukata-veli-sosema-e-vo-red-da-sme-sami-02.jpg

Ова не значи дека препорачуваме да останете сингл, туку напротив, дека не треба по секоја цена да бидете во врска со секоја личност во која ќе видите дури и најмал потенцијал за врзување. Запомнете, вие како личност и вашето време, сте вредни и не треба да се „дадете“ лесно на каква било заедница.

Затоа, кога следниот пат ќе бидете цел на осудување поради вашиот избор да бидете сингл, а тоа дефинитивно ќе се случи, не им се лутете на другите. Погледнете ги и проценете дали навистина се среќни со својот избор или морале да го направат затоа што од нив бил очекуван.

Идејата дека да сте сингл сте и неатрактивни веќе е толку старомодна. Вие сте сами поради многу подобра причина, но не сте должни за тоа да давате отчет пред светот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg