Зошто секогаш веруваме дека тревата е позелена на другата страна?
Колку пати сте ја слушнале фразата: „тревата е секогаш позелена на другата страна“? Ова се однесува на начинот на кој ги гледаме луѓето и ситуациите околу нас.
Колку пати сте помислиле дека некој од вашите пријатели или колеги има подобар живот, подобра работа, подобра врска? Зошто сметаме дека немаме доволно во животот, и на некој начин им завидуваме на луѓето кои навидум имаат сè.
Во суштина, луѓето имаат тенденција да мислат дека животот би им бил подобар во поинакви околности. Ова не е далеку од вистината, но не е ни сосема точно.
Секако дека „тревата е позелена на друго место“ доколку живеете во држава во која има војна и слична екстремна ситуација, меѓутоа, кога станува збор за лични ситуации со кои се соочуваме имаме тенденција да преувеличуваме многу работи. Зошто?
Живееме во модерна ера, опкружени со многу информации, што е дури невозможно да не сонуваме за подобри места. Без разлика колку е добар нашиот живот со еден клик на Фејсбук ќе видиме пријател кој има „подобар живот од нас“.
Телевизија, емисии, Инстаграм, Фејсбук, филмови, реклами…сите овие медиуми ни покажуваат слики за тоа што е совршен живот. Поради овие работи стануваме немирни.
Не можеме да бидеме среќни со она што веќе го имаме, бидејќи ни се претставуваат толку многу избори што постојано бараме нешто ново, нешто невидено, во потрагата кон среќата. Соочени сме со бескрајни количини на избори, а доколку не го донесеме вистинскиот избор чувствуваме анксиозност.
Работите стануваат уште потешки кога го споредуваме нашиот живот со животот на другите, хранејќи ја илузијата дека „совршениот живот е таму некаде и чека да биде откриен“.
Луѓето се плашат да влезат во врска, бидејќи ќе го пропуштаат „совршениот/та“ личност со совршена кариера, совршено тело, совршен ум. Истото важи и за потрага по работа или стан. Се плашиме дека ќе пропуштиме нешто подобро ако се посветиме на нешто во моментот.
Повеќето луѓе веруваат дека животот ќе им биде подобар, доколку ги променат работите околу нив. Поради ова многу луѓе во средовечна криза купуваат скапи автомобили, машини или техники.
Сакаме да избегаме од нашите животи во некоја фантастична земја од нашиот ум, која во реалноста не е ништо повеќе од илузија за тоа што може да биде животот.
Кога велиме дека „тревата е позелена од другата страна“, обично (ако не и секогаш) ја проектираме нашата сопствена несреќа кон надворешните фактори.
Лош партнер, лоша кариера или досадни пријатели. Тежнееме да веруваме дека со менување на надворешните фактори ќе ги решиме проблемите кои се длабоко вкоренети во нас.
Проблемот е што менувањето на надворешните фактори речиси никогаш нема да ги промени проблемите со кои се соочуваме однатре. Глупаво е да се споредуваат односите, местата или предметите.
Сите работи се посебни на свој начин. Ништо и никој не е совршен. Сè има свои лоши работи, како што и сè има своја уникатност. Некои луѓе велат дека вистинската тајна на среќата е да го сакате она што веќе го имате.
Наместо да верувате дека тревата секогаш е позелена од другата страна, треба да се обидете да го негувате она што веќе го имате. Во лоша врска сте? Работете на случајот. Имате работа која не ве прави среќни, запрашајте се зошто? Обидете се да најдете начин да го правите она што ве исполнува.
Секако дека другите места можат да нудат подобри можности, подобри услови за живот или полиберални гледишта. Тревата на соседот може да изгледа позелена, што не значи дека нужно има подобар живот од вас. Среќата и несреќата се индивидуални, како и аспирациите и соништата, копнежите и општо ставот кон животот.
Кога ќе научиме да го цениме она што го имаме, ќе научиме да го цениме и она што другите луѓе го имаат, како и начинот на кој стигнале до тоа „зелено“ парче земја.
Ашера | Црнобело