Чудните работи кои нашето тело ги прави без да знаеме
Човечкото тело е способно за неверојатни и чудни работи. Но најчудно е тоа што ние самите не сме свесни за процесите кои се случуваат во нашето тело.
Знаевте ли дека смеата ја убива болката, дека мозокот не е секогаш во контрола и дека светиме во темница?
Ова е релативно кратка листа на работите кои нашето тело ги прави без да знаеме:
Смеата ја убива болката
Ако некогаш си го удрите палецот, раката или главата во некој објект не урлајте и не проколнувајте, наместо тоа насмејте се.
Кога се смееме нашите тела ослободуваат ендорфин. Научниците сметаат дека ендорфинот може да ја зголеми толеранцијата за болка. Ова најдобро функционира кога се смееме во група.
Значи, смеењето не е само најдобриот лек, туку и најдобриот превентивен лек.
Мозокот не е секогаш во контрола
Најмногу сонуваме во РЕМ фазата, кога мозокот ја губи целосната контрола, а нашите тела прават што сакаат. Океј, тоа не е сосема точно. Мозокот малку ја намалува контролата додека телото компензира.
Нашата глава создава звуци
Дали некогаш сте слушнале експлозија во главата пред да заспиете?
Не се грижете, не сте луди, само доживеавте нешто што се вика синдром на експлодирачка глава или ЕХС. И покрај застрашувачкото име, овој синдром е сосема безопасен, а научниците допрва треба да утврдат што го предизвикува.
Нашиот мозок има брза и бавна лента
Како што автопатиштата имаат ленти за различни брзини на сообраќај, така е и со нашиот мозок.
Невроните, клетките кои го сочинуваат мозокот, се разликуваат во форма и големина, а информациите што патуваат низ мозокот се движат со различни брзини, во зависност од маршрутата.
Нашето тело свети
Се смета дека само некои животни светат, како светулки и некои медузи. Па, сега можеме да ги додадеме и луѓето на оваа листа.
Јапонските научници успеале успешно да ја фотографираат човечката биолуминисценција, користејќи сензитивни камери. За жал, сјајот што луѓето го емитуваат е премногу слаб за да се види со човечко око.
Ова се само некои од извонредните и чудните работи кои ги прави нашето тело, без да сме свесни за истите.
Ашера | Црнобело