Мистеријата на прв состанок, обожавател: 5 работи кои беа подобри пред да се развие интернетот
Интернетот е неверојатен изум, ни овозможува пристап кон речиси, сите информации во светот. Ни овозможува да работиме од дома, да научиме нови вештини, да го испланираме нашиот ден, нашата исхрана и сл.
Интернетот стана толку важен дел од нашиот живот, што некои луѓе добиваат напади на паника, кога ќе изгубат конекција. Ова може да биде лоша работа, бидејќи, како што ги има своите доблести, интернетот ја има и својата „темна страна“.
Некои работи беа подобри пред да се развие интернетот. Постарите генерации ги паметат, а новите тек треба да ги научат.
Домашни миленичиња
Постоеше време кога нашите миленичиња ни беа најдобрите пријатели и придружници. Ни даваа безусловна љубов и не беше важно дали се фотогенични или не.
Денес, покрај сите делови од нашата интима кои ги споделуваме на социјалните мрежи, домашните миленичиња ни станаа објекти. Со социјалните мрежи се намали и времето кое порано го поминувавме со нив.
Вистински обожаватели
Пред интернетот беше потешко да се стане обожавател на одреден актер, музичар или писател. Често пати во списанијата баравме адреси, фотографии и информации за нашите идоли.
Нивните дела ги баравме преку другари, собиравме пари да ги купиме омилените касети или чекавме пред радиото да ја снимиме омилената песна.
Денес ни се достапни сите податоци, и не е потребен голем труд да се дојде до одредена песна, книга, филм. Со што се намалува и вредноста на податоците (или делата) кои ги наоѓаме, бидејќи, и да се изгубат, можеме повторно да ги најдеме.
Можеби затоа денес постојат многу аргументи за тоа кој е „вистински обожавател“ на нешто.
Мистеријата на првиот состанок
Пред интернетот првите љубовни состаноци имаа мистерија зад себе. На овие состаноци обично имавме неколку часа да дознаеме што повеќе за личноста која ни се допаѓа.
Денес ова не е проблематично, бидејќи сите интереси на потенцијалниот партнер можеме да ги пронајдеме на социјалните мрежи, па е, речиси, бесмислено да се оди на прв состанок.
Да не зборуваме за „онлајн дејтинг“. Профилите за запознавање, како и социјалните мрежи, ја одземаат мистеријата на запознавањето и самата спонтаност.
Суспензија
Се сеќавате ли на старите добри времиња пред Netflix? Времето кога чекавме цела недела да ја погледнеме следната епизода од омилената серија.
Дури и ако ги гледате сериите редовно, на телевизија, интернетот сè уште може да ви го расипе доживувањето, особено ако сте љубопитни и не можете да ја дочекате последната епизода.
Ќе пронајдете и многу спојлери или текстови на Фејсбук, објавени од вашите пријатели, особено кога некоја серија е популарна. Ова тешко можете да го избегнете.
Меморија
Интернетот не влијае само на помалку важните области од нашиот живот. Со развивање на разни апликации и разни други видови на корисна технологија, имаме помалку потреба да се потпираме на сопствената снаодливост.
Нашите мозоци, всушност се преспојуваат за да се справат со начинот на кој денес ги преземаме информациите. Сите овие промени лошо влијаат на нашата меморија, што нè прави уште по зависни од интернетот.
Ашера | Црнобело / фото: depositphotos.com