Реклами кои врескаат „Секс“!
Асоцијациите на секс во маркетиншките кампањи се правило, а не исклучок, па денес ретко кој се чуди кога во реклама ќе се појават оскудно облечени...
...мажи и жени под паролата „сексот продава“.
Иако не е утврдена, граница меѓу добриот вкус кој ја дели добрата кампања од порнографија – сепак постои.
Се крена галама околу кампањата "Shameless" на холандската марка за машка облека "Suit Supply". Тие морале да ги тргнат и „порнографските“ фотографии од својата Facebook страница. Фотографиите имено порачуваат: Мажите облечени во марката "Suit Supply" може да ја претворат секоја жена во сексуална играчка.
Критичарите сметаат дека оваа проблематична порака ги претвора жените во објекти иако холандското подрачје не е единствено кое се одлучило на ваква дискриминаторска кампања.
Границата на добриот вкус меѓу првите ја премина фотографот Terry Richardson кој во 1997 година во кампања за Sisley отворено си поигра со садо- мазо пози и до ден денес не се откажува од ваквата замисла.
Ова се некои од неговите најконтроверзни фотографии: