Наивни, разумни или незадоволни: Обликот на лицето и цртите ја откриваат личноста

Физиогномија е стара вештина се користела за карактеризирање на луѓето. Нејзината практична примена за прв пат ја опишува Аристотел. 

fiziognomija-kako-da-gi-chitate-lugjeto-spored-oblikot-na-liceto-01.jpeg

Луѓето кои се занимавале со оваа техника ја имале сличната судбина со хиромантите (гледање на дланка), некаде биле фалени и поддржани, а некаде прогонувани и осудувани.

Првите физиогномисти ги споредуваа човечките и животинските лица, а карактерот на луѓето го толкуваа врз основа на нивните сличности.

Кинеските физиогномисти отидоа чекор подалеку. Одредените линии на човечкото лице го анализираа и дешифрираа со помош на планетите, ѕвездите, планински масиви...

Fiziognomija kako da gi citate lugeto spored oblikot na liceto 02

Како да го толкувате лицето?

Прво погледнете ги внимателно формите на лицата на сликата. Линиите кои први ќе ги забележите ќе бидат важни за донесувањето на заклучокот.

Тркалезно лице: Се работи за пријатна, друштвена и доверлива личност на која секогаш можете да се потпрете. Луѓето со тркалезното лице го почитуваат нивното пријателство со другите луѓе. Достојни се, одговорни, а во исто време знаат да се опуштат и да уживаат во животот.

Лице во облик на срце: Оваа форма ја имаат луѓето со одлична меморија. Најчесто се интелектуалци, а нивната маана е непредвидливост. Секогаш си поставуваат конкретна цел и се многу незадоволни ако не ја остварат. Остроумни се и тешко се менуваат.

Правоаголно или четвртасто лице: Го имаат луѓе со силна волја и физичка подготвеност. Овие луѓе обично поседуваат вродени таленти. Практични се и активни. Не ги менуваат лесно своите ставови.

Тркалезно-триаголно лице (комбинација): Овие луѓе го комбинираат разумот, интелектот, и мудроста. Бистри се, но не доволно проникливи. Полни се со оптимизам и ги разбират чувствата на другите луѓе.

Триаголно - квадратно лице (комбинација): Ова се сестрани луѓе кои брзо мислат. Полни се со идеи преку кои дејствуваат. Добро е да ги имате за деловни партнери и за пријатели.

Квадратно – тркалезно лице (комбинација): Оваа комбинација открива активна и вредна личност. Оптимисти се, но и помалку себични. Често им се важни само сопствените интереси. Најголемата маана им е тврдоглавост.

fiziognomija-kako-da-gi-chitate-lugjeto-spored-oblikot-na-liceto-002.jpg

Чело

Високо - открива интелектуален тип.

Високо и широко - го поседуваат филозофи, мислители.

Високо и тесно - луѓе склони кон анализа.

Ниско - открива практична и непосредна личност.

Fiziognomija kako da gi citate lugeto spored oblikot na liceto-008.jpg

Веѓи

Составени – стабилни луѓе, исполнети со трпеливост и внатрешна енергија.

Раздвоени - луѓе подготвени да се прилагодат и луѓе подложни на влијанието на другите.

Подигнати - симболизира аспирација кон високи цели, амбиции.

Спуштени - знак на каприциозност, незадоволство и лутина.

Рамни - лицето кое ги има е многу активно и претпазливо.

Силни, широки веѓи – директни личности со силен темперамент.

Fiziognomija kako da gi citate lugeto spored oblikot na liceto 05

Очи

Тркалезни - откриваат наивна и доверлива личност.

Овални - знак на лукавост и благонаклоност.

Коси - откриваат мистериозна, нарцисоидна и многу самоуверена личност.

Стеснети - откриваат прониклива и суптилна личност.

Разделени - знак на несебичност.

Fiziognomija kako da gi citate lugeto spored oblikot na liceto 006.jpg

Усни

Големи - дарежлива, несебична личност со тенденција кон екстраваганција.

Мали - себични, посесивни луѓе.

Крупни, полни усни - сензуалност.

Тенки усни (тесни) – ладна личност, речиси без емоции.

Закривени - способност за самоконтрола.

Прави (гледано од профилот) - присуство на самоконтрола, анализа и воздржаност.

Fiziognomija kako da gi citate lugeto spored oblikot na liceto-007.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg