Никој не е толку зафатен, само зависи на кое место се наоѓате на листата со приоритети
Личност која е „премногу зафатена“ и нема половина час време за вас е мит – луѓето наоѓаат време само за работите и луѓето кои им се навистина важни.
Не треба да верувате во тоа дека некој нема време, туку дека нема приоритети.
Секој има време за работите и луѓето кои ги сака. Секој си ги организира приоритетите и прави работи кои му се важни.
Па затоа, следниот пат кога некој ќе ви каже дека нема време да се види со вас во наредниот период, запомнете – не е дека нема воопшто време, туку едноставно не сака да си го троши она малку време, за вас.
Многу е едноставно. Кога ќе слушнете дека некој ви се правда со „Извини, не можам да стигнам, немам време“, бидете свесни дека всушност го кажуваат ова „Ти не си ми толку важен/а моментално, па не морам сега да одвојам време за тебе“.
На крајот од денот, времето е најдрагоценото нешто што секој од нас го поседува. Тоа е највредниот подарок кој некој може да ви го подари. Тоа е единственото нешто што не може да го вратите. Затоа мора секој да знае како да го искористи најдобро времето, а не да го троши залудно.
Па тргнувајќи од тоа, зошто и вие да си трошите време и енергија за некој кој не сака да ви посвети минута од неговиот живот?
Истото важи за пријатели, познаници, но и за поблиски личности, како партнери.
Кога сте во врска со некого, тоа значи дека двајцата треба да направите компромис со времето и да функционирате заедно.
Бидејќи, кога сте со некого, времето веќе не е само ваше. Мора да го делите времето со партнерот и да сметате еден на друг.
Треба да најдете време за вас, за да се видите. Но, ако сте во врска со некој кој нема време за вас, тогаш ситуацијата е алармантна.
Зошто? Бидејќи личноста што ве сака, ќе најде време за вас, на еден или друг начин.
Кога партнерот подолго време ви кажува дека нема време за да се види со вас, со други зборови, ви кажува дека има поважни работи од вас и не сте му во на горните места на листата со приоритети.
Секако, никој не може да биде достапен 24/7 за вас, ниту пак вие за некого. Треба да го цените времето на секого, но ако некој навистина сака да ве види, ќе најде време за вас.
Па, следниот пат кога ќе се најдете во ситуација кога некој нема да се потруди да ви посвети дел од своето драгоцено време, веројатно ќе знаете што да правите и нема да си ја трошите енергијата.
Заслужувате повеќе.