Селфи зглоб - болест на новата генерација, која ја има и Ким Кардашијан

Сте слушнале за терминот „тениски лакт“, болест која е дијагностицирана кон крајот на 19-от век, именувана според тенисерите кај кои често се појавувала. 

selfi-zglob-bolest-na-novata-generacija-koja-ja-ima-i-kim-kardashijan-01.jpg

Денес, два века подоцна, имаме нова болест наречена „селфи зглоб“, именувана на сличен начин (дијагностицирана кај луѓе кои често сликаат селфија).

Колку и да звучи ова чудно, доколку им веруваме на докторите од САД, оваа болест постои, а многумина не знаат за неа.

Што е селфи зглоб?

Како што објаснува д-р Леви Харисон, селфи зглоб е еден вид  на т.н. синдром на карпален тунел, во кој нервите помеѓу подлактицата и дланката се воспалени.

Ова може да биде случај, меѓу другото, кога рачниот зглоб е премногу свиткан навнатре, што се случува при сликањето на селфија. Потоа раката почнува да трне, се јавува болка и чувство на мртвило.

Овие симптоми се карактеристични за карпалниот тунел, така што овие две дијагнози се тесно поврзани.

Д-р Леви забележува дека бројот на луѓето кои страдаат од оваа болест може да се зголеми, со оглед дека овој тренд е многу популарен, особено кај помладата популација.

Selfi zglob bolest na novata generacija 02 630x340

Оваа болест се здоби со популарност откако Ким Кардашијан изјави дека ѝ е дијагностициран селфи зглоб.

selfi-zglob-bolest-na-novata-generacija-koja-ja-ima-i-kim-kardashijan-02.jpg

Опасноста од овој синдром може да се намали со употреба на селфи стаповите или со вежби за зглобовите. Иако оваа болест е безопасна, опсесивната потреба за снимање на секој „магичен момент" може да има и лоши последици.

Научниците од индискиот институт за медицински науки во Њу Делхи објавија дека „250 луѓе починале правејќи селфи слики“.

Најголем број на несреќи се случиле во Индија, Русија и САД. Авторите на студијата „селфи смртоносни несреќи“ препорачуваат секое опасно туристичко одморалиште да има натпис во кој ќе се забранува фотографирањето.

Selfi zglob bolest na novata generacija 03

 Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg