Женски нозе од 132 сантиметри, маж висок 272 сантиметри: 11-те највисоки луѓе на светот
Некои го наследиле тоа од родителите, други имаат нарушување со жлездите и хормоните, но овие луѓе дефинитивно не може да минат незабележано. Замислете стапало од 38 сантиметри...
Просечната висина на луѓето е различна во секоја земја и како земја со највисоки луѓе важи Холандија, каде просечната висина е 183 сантиметри.
Но, има некои луѓе во светот кои дефинитивно се истакнуваат со својата висина:
Леонид Стадњак – 257 сантиметри
По операција на мозокот на 13 години, тој почнал нагло да расте. Ракот во неговите жлезди ги нарушиле хормоните за раст. Тој никогаш не сакал да се наметнува како највисок човек на светот во Гинисовата книга на рекорди, но е прогласен за највисок Украинец.
Султан Кушен – 251 сантиметар
Познат е како највисок човек во историјата, а само нозете му се 126 сантиметри. Вели дека единствената тешкотија му е пронаоѓањето на соодветна облека.
Марго Дидек – 201 сантиметар
Висината ја наследила од родителите. Татко ѝ бил висок 201 сантиметар, а мајка ѝ 191 сантиметар. Не е чудно што стана успешна кошаркарка.
Брахим Такиоулах – 246 сантиметри
Овој Мароканец влезе во Гинисовата книга на рекорди во категоријата најголеми стапала на светот. Едното му е 38.1 сантиметар, а другото 37.5 сантиметри. Има специјално дизајнирани чевли кои се поддршка за неговата висина.
Каролин Велц – 206 сантиметри
Таа е највисоката жена во Германија и работи како модел. Тешка е 117 килограми.
Роберт Вудлоу – 272 сантиметри
На фотографијата е сликан со неговиот татко. Роберт е највисокиот човек во историјата, а неговата висина била резултат на нарушување кое резултирало со прекумерно лачење на хормонот за раст.