Знаци кои покажуваат дека не сте емоционално интелигентни

Емоционалната интелигенција претставува збир на способности, како што се саморазбирање, самоконтрола, самодоверба и емпатија.

Znaci koi pokazuvaat deka ne ste emocionalno inteligentni 01

Овие знаци покажуваат дали треба да работите на вашата емоционална интелигенција:

1. Често сте убедени дека другите не ја разбираат суштината на проблемот, поради што сте нетрпеливи и фрустрирани.

2. Изненадени сте кога другите луѓе ќе се навредат од вашите коментари или шеги и чувствувате дека претеруваат.

3. Сметате дека не е важно дали ве сакаат на работното место.

4. Многу брзо заземате одреден став и многу силно го браните истиот.

5. Имате високи очекувања за себе и за другите луѓе.

6. Сметате дека за повеќето од проблемите во вашиот тим се виновни другите луѓе.

Znaci koi pokazuvaat deka ne ste emocionalno inteligentni 02

Што треба да направите ако се препознаете во овие реченици? Ова се неколку стратегии:

Дојдете до повратни информации. Не можете да ги решите проблемите за кои не сте свесни. Една од најважните компоненти на емоционалната интелигенција е самосвеста – кога сте свесни за сопственото однесување во одредениот момент.

Најлесен начин да го постигнете ова е да ги прашате луѓето околу вас што мислат за вашето однесување. Ова ќе ви даде увид во тоа што треба или не треба да го правите во иднината. Не барајте изговори за вашето однесување. Наместо тоа, слушајте и обидете се да разберете.

Бидете свесни за разликите помеѓу намерите и вистинскиот ефект. Луѓето со ниска емоционална интелигенција често го намалуваат негативното влијание на нивните зборови врз другите луѓе. Го игнорираат јазот кој се случува помеѓу она што сакале да го кажат и она што другите го слушнале. Обидете се да размислите како вашите зборови ќе влијаат врз другите луѓе.

Znaci koi pokazuvaat deka ne ste emocionalno inteligentni 03

Мислете и на себе. Често не советуваат да ставиме себеси во позиција на другите луѓе, за да ја развиеме емпатијата, но исто така, за емоционалната интелигенција е важно да ги имате во предвид вашите сопствени чувства. Треба да научите да го видите проблемот од сопствената перспектива и од перспективата на другите луѓе, за полесно да го решите.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
10 знаци дека сте личност со комплексен карактер (и многу луѓе не можат да се справат со вас) Мразите празни разговори и рутина, здодевни ви се и ве нервираат - на „Како си?“...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg