Зошто негативното ни е многу попривлечно од позитивното?

Со оглед на тоа како се однесуваме кон нештата кои ни се случуваат, може да заклучиме дека биолошки сме предодредени лошите нешта да ги перцепираме посилно отколку добрите.

zoshto-negativnoto-ni-e-mnogu-poprivlechno-od-pozitivnoto-01.jpg

Дали е тоа живот каков што сакаме да живееме?

Кога некој би ве прашал дали би одбрале нешто познато и лошо или нешто непознато и добро, теоретски, би се одлучиле за второто. Но, во реалноста, непознатото ни создава страв и го нема поминато тестот на трајноста.

Затоа, луѓето поради навиките одбираат нешто што е лошо, но што функционира на ваков или онаков начин. Дали нешто би смениле, без разлика за што и да се работи?

Ова прашање најчесто нè мачи кога треба да одлучиме дали ќе останеме во некоја врска, дали ќе ја промениме работата, дали ќе се преселиме во нов стан или во друг град...

Во природата на човекот е да биде поприврзан за нештата кои му се познати, дури и ако тие се поврзани со некое лошо сеќавање или траума. Овој механизам на самонанесување болка го повлекува прашањето зошто автоматски бираме да се чувствуваме лошо на веќе познат начин, наместо да се охрабриме и да пробаме нешто ново и потенцијално добро.

zoshto-negativnoto-ni-e-mnogu-poprivlechno-od-pozitivnoto-02.jpg

Негативните емоции ги доживуваме посилно

Сигурно веќе сте забележале дека некој добар настан или позитивна емоција лесно ги заборавате дека се случиле или не можете да се повикате на нив, додека пак, лошо сеќавање може како бургија да ви пробива низ мозокот со денови.

Причината за тоа е што на позитивните нешта не им обрнуваме доволно внимание, додека пак на негативните, им посветуваме повеќе време и нерви отколку што заслужуваат.

Од друга страна, веќе сме навикнати на актуелната ситуација и ги „бојкотираме“ потенцијалните нови и добри нешта, бидејќи се плашиме дека и тие можат да станат лоши и да ни предизвикаат болка. Тоа се должи на фактот дека сме суштества кои живеат во навика и затоа и изборите ни се автоматски поврзани токму со таа навика.

Дали може да се извежбаме да даваме внимание и на убавите нешта?

За ова е потребно многу време и посветеност. Треба многу да работите против природниот нагон да бидете роб на навиките.

Но, ништо не губите ако се обидете свесно да ги прифаќате убавите и јасните нешта, колку и да се тие нови за вас. Секако, повторно ќе се случи нешто од тоа да излезе лошо, но вие ќе бидете личност која за кратко време ќе го преболи тоа и ќе успее да биде насочена само кон позитивните искуства, додека да се навикнете дека сето тоа треба да се случува природно.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Судбински средби и нови почетоци – Каква енергија ви носи денешниот датум 11.01? Денес треба да го направите првиот чекор за сите ваши соништа да станат реалност...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg