Избор на облека, ракување: Кои се правилата за средба со кралицата Елизабета?
Веројатно средба со кралицата Елизабета ви звучи како нешто невозможно, но никогаш не знаете каде ќе ве одведе животот.
Сепак, независно дали вие или некој друг оди на средба со неа, веројатно сакате да знаете кои се правилата кои треба да се почитуваат кога се среќавате со британската кралица.
Дали треба да се поклоните, како да ѝ се обратите, па дури и како да се облечете – има неколку прашања кои секој посакува да ги знае.
Какви се правилата за оние кои се среќаваат со кралицата Елизабета?
Што да облечете?
Потрудете се да бидете облечени формално – со неутрални тонови и скромни дизајни, со кои секако нема да ја засените кралицата.
Избегнувајте гола кожа и покажете елегантни и софистицирани манири.
Кога треба да отидете на состанокот?
Секогаш треба да бидете на време! По основните бонтон правила, може и да стигнете малку порано, бидејќи, вие треба да ја чекате кралицата, никако таа вас!
Како треба да ѝ се обратите на кралицата?
Никогаш не ја нарекувате „кралицата“ или „кралицата Елизабета“, туку ѝ се обраќате со „Вашето Височество“.
Дали треба да се поклоните?
Иако тоа не е вклучено во протоколот, сепак се смета како добар гест – кога жените се сретнуваат со кралицата – традиционално се поклонуваат, а мажите прават мал наклон од вратот.
Дали треба да се ракувате?
Поклонувањето може да биде проследено со ракување, но не треба прво да ја пружите раката. Треба да се ракувате со кралицата ако прво таа ја понуди раката.
За што треба да зборувате со кралицата?
Бидете насмеани, бидете пријатни и расположени и дозволете ѝ таа да го води разговорот.
Вие не ги почнувате темите, ниту пак ги менувате додека зборувате со нејзиното височество.
Што не смеете никако да правите?
Ако треба да се сретнете со една од највлијателните личности во светот, не смее да ги правите следниве работи:
- Да ѝ вртите грб
- Да бегате од неа
- Да правите селфи
- Да барате да се фотографирате или автограм
- Да одите пред неа
- Да си одите пред таа да си оди
- Да прашувате лични или политички прашања
М. М. | Црнобело