Низ светот во хотел на вода
Овој концепт за футуристички хотел е на границите со научна фантастика. Хотелот се вика Morphotel и претставува комбинација од хотел кој лебди на...
...водата и супер бавен крузер. Го изработил италијанскиот архитект Gianluca Santosuoss за индиската воена морнарица.
Овој хотел е замислен да патува низ светските мориња, а да застанува повремено во разни пристаништа низ светот. Така би бил своевидно продолжение на градовите кои имаат пристаниште, а патниците би се качувале и симнувале.
Хотелот, со својот облик може да се прилагоди на различни временски услови. Карактеристично е што овој хотел не тргнува од едно до друго место, туку континуирано ќе плови низ морињата со застанување во попатни пристаништа.
Одличен е за оние кои сакаат да го прошетаат светот.
Morphotel за сега е само концепт. Ќе биде интересно ако навистина заживее идејата.