18 докази дека жените се посилни од мажите
Можат ли мажите да готват, да пишуваат домашно со детето и да одговараат на мејлови едновремено и уште мал милион работи?
Можат ли да ја мијат косата во 1 часот по полноќ, да си стават виклери и да не се жалат за тоа?
Можат ли да плачат цела ноќ и утрото да станат како ништо да не било?
Можат ли да паметат дека треба да платат сметка за струја, да купат подарок за роденден и дека имаат закажан термин на фризер и секаде да стигнат навреме?
Можат ли да носат бебе 9 месеци во стомакот, тешко дури и до 4 килограми?
Moжат ли беспрекорно да одглумат оргазам, но и да имаат повеќе оргазми едно по друго?
Можат ли без срам да застанат и од некого да побараат помош, а со помош на шармот да добијат подетално упатство и од google map?
Можат ли да изгледаат секси додека чистат дома облечени во хеланки?
Можат ли да видат поранешен партнер како седи од карши и притоа око да не им трепне?
Можат ли да потрошат многу и потоа да се извадат со едно „Извини, срце“ и невина насмевка?
Можат ли да готват, да пишуваат домашно со детето и да одговараат на мејлови едновремено?
Можат ли да умеат толку добро со зборовите така што да биде по нивно, а дури и другиот да не е свесен како прифатил да биде по нивно?
Можат ли да издржат на потпетици од 10 сантиметри цел ден?
Можат ли да имаат 38 температура и сами да си сварат супа, да си купат апчиња и да си исцедат лимон?
Можат ли да отворат тегла, а притоа да имаат совршен маникир?
Можат ли да бидат комплетно разочарани, а притоа другите да не забележат, затоа што проблемите се за дома?
Можат ли да сменат сијалица, а потоа да не му се пофалат на цело соседство дека многу биле вредни?
Можат ли да се грижат за бебето сами со денови, а притоа да не плачат дека животот им се скратил?
Можат ли да мислат едновремено што да има на трпезата, но и каде да биде наредното патување?
Веќе е добро познато, но да повториме, жените се беспомошни само додека не им се исуши лакот на ноктите!
С. С. | Црнобело