4 апокалиптични кризи за кои не сме свесни дека доаѓаат

Апокалипсата е нешто што го замислуваме како крај на светот, кога сè е срушено и претворено во отпад.

4-apokaloptichni-krizi-za-koi-ne-sme-svesni-deka-doagjaat-01.jpg

Реалната слика за апокалипсата е малку поинаква.

Додека живееме мислејќи дека сè околу нас се одвива во најдобар ред, во многу области од животот не е така.

Ова се неколку кризи кои се толку блиску до нас, а не сме свесни за тоа:

Важните софтверски кодови стануваат прекомплицирани

Со развојот на технологијата, очекуван беше и подемот на сајбер-криминалот. Поради тоа, девелоперите, покрај основната програма, треба да мислат и на тоа како да го заштитат софтверот.

Поради тоа, технологијата која ни е секојдневно достапна, всушност е целодневна работа на одржување, заштита, менување на приоритетите, лоцирање на проблемите и долги редови код кои голем дел од луѓето не можат ни да ги разберат.

4-apokaloptichni-krizi-za-koi-ne-sme-svesni-deka-doagjaat-03.jpg

Инсектите секојдневно исчезнуваат

Секојдневно слушаме дека популацијата на пчелите се намалува, но тоа се случува и со сите други инсекти (освен можеби со мувите). Дури и биолозите веќе имаат проблеми со систематизацијата на преостанатите видови и предупредуваат на сите можни неприлики кои ги носи исчезнувањето на инсектите.

Но, инсектите се храна на птиците и на некои видови риби. Тоа значи дека и птиците и рибите може да станат ризична група, со оглед на намалената количина на храна. И покрај тоа што ова се случува со за нас незабележителна брзина, ризикот е преголем и опстанокот на целиот жив свет е доведен во прашање.

4-apokaloptichni-krizi-za-koi-ne-sme-svesni-deka-doagjaat-02.jpg

Сè повеќе луѓе немаат пристап до чиста вода

Околу 2 милијарди луѓе во светот имаат сериозен проблем со достапноста на чиста вода и за технички потреби и за пиење. Резервите на чиста вода се намалуваат и нејзината достапност може да стане проблем дури и на елитите.

Ова се должи и на климатските промени, но и на неконтролираното трошење на водата, на загадувањето, сечењето на шумите, индустрискиот и домашниот отпад.

4-apokaloptichni-krizi-za-koi-ne-sme-svesni-deka-doagjaat-04.jpg

Постои и недостаток на почва

Не секој отпад може да биде претворен во почва и ѓубриво. Удел во ова имаат и климатските промени, но и неконтролираната (зло)употреба на природните ресурси во масовното производство на храна.

Загадувањето исто така уништува големи количини почва, која веќе не е плодна и нема услови за развој на земјоделството. Со тоа човештвото е доведено во ризик, но и целокупниот жив свет на оваа планета.

4-apokaloptichni-krizi-za-koi-ne-sme-svesni-deka-doagjaat-05.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg