8 начини како да ги препознаете луѓето кои сакаат да ве искористат
Ако сакате да бидете посреќни, добро е да ги препознавате основните карактеристики на луѓето кои со вас се дружат само поради корист.
Тие се љубезни, имаат смисла за хумор и сакаат да привлечат внимание, ништо невообичаено, токму затоа е тешко да се разликуваат искрените луѓе од оние кои инвестираат во другите само заради профит или одредена моќ.
Обрнете внимание на овие разлики помеѓу искрените и неискрените луѓе, за во иднина полесно да ги препознаете.
Пример 1.
Искрени луѓе - ги почитуваат сите околу себе.
Неискрени луѓе - ги почитуваат само моќните луѓе од кои имаат корист.
Пример 2.
Искрени луѓе - не се обидуваат да ги менуваат луѓето околу нив, за да им одговараат повеќе.
Неискрени луѓе - сакаат да ги направат луѓето повеќе како нив, за да им одговараат повеќе.
Пример 3.
Чесните луѓе - не им е важно дали се во центарот на вниманието.
Неискрени луѓе - очајно сакаат да бидат во центарот на вниманието.
Пример 4.
Искрени луѓе - не се фалат со своите успеси.
Неискрени луѓе – на сите им нагласуваат што сé постигнале.
Пример 5.
Искрени луѓе - отворено го искажуваат своето мислење.
Неискрени луѓе - бараат помали друштва во кои ќе можат слободно да озборуваат.
Пример 6.
Искрени луѓе - секогаш се трудат да ги одржат своите ветувања.
Неискрени луѓе - лесно се обврзуваат на сè и сешто, но ретко го одржуваат својот збор.
Пример 7.
Искрени луѓе - отворено им се восхитуваат на другите луѓе и често ги фалат.
Неискрени луѓе - ги критикуваат другите луѓе за да ја нагласат совршеноста на нивната работа.
Пример 8.
Искрени луѓе – секогаш се насмеани и секогаш имаат убав збор за луѓето околу нив.
Неискрени луѓе - симпатични се и драги кон луѓето само кога имаат потреба од нив.
Ашера | Црнобело