15 мали работи за кои треба да бидете благодарни во животот
Вистински среќните луѓе знаат дека среќата е во малите работи и знаат како да уживаат во секој момент.
Ако не сакате да западнете во монотонија и сивилото на модерното време да ве обземе, важно е да знаете да си го цените животот и да уживате во сите моменти кои ви ги нуди.
Бидете благодарни за секоја ситница и вреднувајте ги и најмалите работи кои ви се случуваат.
Доколку не знаете како, доволно е да почнете со следнава листа, а потоа сами ќе знаете како повеќе да ги цените работите и за што треба да бидете благодарни и горди.
Мали работи за кои треба да бидете благодарни, почнувајќи од сега:
1. Фактот дека сте тука. Сега, во моментов.
2. Тивките моменти, дури и ако се минути, кои ги имате само за себе.
3. За првите 5 минути откако ќе се разбудите.
4. И последните 5 минути пред да заспиете.
5. Хаотичните моменти кои ве направиле посилни.
5. Прегратките, од партнерот, родителите, баба и дедо или братот и сестрата.
6. За луѓето кои ги имате во животот во секој момент.
7. За моментите кога имате можност да се надишете чист и свеж воздух.
8. За љубовта која ја добивате.
9. За сите луѓе кои дошле и заминале, но оставиле некаква трага.
10. За тоа што дури и најтешките денови завршуваат.
11. За деновите кога се чувствувате непобедливо.
12. За борбата и енергијата која ја имате во вас за да продолжите.
13. За деновите кога ја чувствувате секоја можна емоција.
14. За тоа што учите нешто ново.
15. За длабоките, емотивни и интимни разговори со саканите.
М. М. | Црнобело