Кои тетоважи може да ви предизвикаат проблеми на работното место?

Изборот на дизајн на тетоважа e само ваш и нејзиното значење вие најдобро го знаете. Но, сепак околу тетоважите сè уште постојат одредени предрасуди.

koi-tetovazi-moze-da-vi-predizvikaat-problemi-na-rabotnoto-mesto-03.jpg

Во некои професии стрикно се бара тетоважата да биде покриена, а во некои тоа воопшто не е важно. Но, ако се прашувате дали тетоважата и нејзиниот дизајн и локација може да ви направат проблеми, продолжете да читате, бидејќи ви пренесуваме совети токму од оние кои со тоа се занимаваат - тату-артистите.

Ова се неколку типови тетоважи кои може да ви направат проблеми кога се во прашање професионалните обврски:

Тетоважа прстен

Дури и кога ви се чини како безопасно, некои трендови може да бидат проблематични за вашиот работодавец, особено ако работите со клиенти или потрошувачи.

Дланка и врат

Оваа е предрасуда која најдолго се задржала меѓу луѓето и уште трае. Искуството на тату-артистите е дека луѓето кои работат во големи фирми и корпорации бараат тетоважи кои лесно можат да бидат покриени со облека.

Мрачни теми

Иако за вас тоа има сентиментално, митолошко или идеолошко значење, одредени дизајни можат да предизвикаат непријатност кај соговорникот. Размислете дали би ставиле череп или нешто слично на видливо место.

koi-tetovazi-moze-da-vi-predizvikaat-problemi-na-rabotnoto-mesto-02.jpg

Домашни тетоважи

Некогаш луѓето се тетовирале со игла и мастило, па потоа тоа се разлеало и оставило непријатна безлична дамка на кожата. Ако се тетовирате, тетовирајте се во салон специјализиран за таа намена.

Трајбл дизајни

Ако работите во интернационална компанија, може да имате потенцијални културолошки несогласувања околу нејзиното значење.

Гранче марихуана

И тетоважа и наркотично средство - не баш среќен избор за пред одделот за човечки ресурси и идниот претпоставен.

Тетоважа на лицето

На Кет вон Д тоа одлично ѝ стои бидејќи и самата е тату-артист. Но, вие апсолутно немате потреба да цртате ништо на своето лице, особено ако не планирате да бидете дел од шоу-бизнисот.

tatu-artisti-otkrivaat-koi-tetovazhi-mozhe-da-predizvikaat-profesionalni-nepriliki-01.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
5 чести грешки што треба да ги имате предвид пред да се тетовирате Добро размислете која големина најмногу ќе ви одговара на вашата тетоважа, а ако...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg