„Тука сум“, „Имав лош ден“ и уште неколку нешта кои партнерот сака да му ги кажете

Во врските често не сме доволно слободни да ги кажеме нештата кои нè мачат и како се чувствуваме поради одредени ситуации, мислејќи дека со тоа го напнуваме партнерот.

tuka-sum-imav-losh-den-i-ushte-nekolku-neshta-koi-partnerot-saka-da-mu-gi-kazhete-2-001.jpg

Ова можеби важи за раните фази на врската, но ако веќе сте подолго време заедно, со нив треба да ги делите и лошите ситуации и непријатните чувства.

Врската се заснова на меѓусебно правење среќни, а во тоа спаѓа и поддршката која можете да ја добиете од партнерот кога не ви се сите коцки на место.

Споделувањето информации е важно за да покажете дека ви значи поддршката на партнерот и неговото мислење.

Затоа, следниве нешта не ги кријте од него:

„Имав ужасен ден“

Иако ви се чини дека го поштедувате партнерот со тоа што не откривате вакво нешто, тој всушност би сакал да споделите, за да може да ве прегрне и да ви биде поддршка или рамо за плачење.

„Ти благодарам многу“

Вашиот партнер треба да знае дека го цените она што го прави за вас. Дајте му до знаење, ништо не ве чини.

„Тука сум за тебе“

Без разлика дали се работи за конкретна ситуација или во секојдневнието, оваа реченица навистина значи.

tuka-sum-imav-losh-den-i-ushte-nekolku-neshta-koi-partnerot-saka-da-mu-gi-kazhete-02.jpg

„Сега навистина ти се лутам“

Ако нешто згрешил, вашиот партнер сака да го знае тоа. Кога не би му значеле вие, не би се грижел ни за вашата лутина. Затоа, бидете искрени кога сте му лути.

„Раскажи ми повеќе“

Кажете ја оваа реченица и оставете партнерот да одлучи дали сака да зборува за проблемот или не.

„Извини“

Тоа што сте во врска, не значи дека не треба искрено да се извините доколку згрешите.

tuka-sum-imav-losh-den-i-ushte-nekolku-neshta-koi-partnerot-saka-da-mu-gi-kazhete-03.jpg

„Можам да ти помогнам?“

Некогаш не е сигурен дали да ве праша, дури и ако навистина му треба помош со нешто. Прашајте дали му е потребна помош кога гледате дека нешто го мачи.

„Ова ме потсети на тебе“

Некоја фотка, твит, стрип или песна, ако ве потсетила на него, споделете го тоа со него. Ќе се чувствува убаво исто како и вие.

„Одлично ти оди“

Никогаш не пропуштајте да дадете до знаење дека го забележувате напредокот на вашиот партнер, на кое и да е поле во животот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
10 ситуации кога луѓето се соочиле со безобразни личности (кои немаат грам срам) Ве иритира ли кога ќе позајмите нешто и ќе ви го вратат оштетено? Или кога еден ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg