20 работи за кои не треба да се извинувате ако се почитувате себеси

Луѓето се извинуваат многу, често и за нешта за кои нема потреба да жалат. Зборот „извини“ не треба да се кажува колку да се каже, бидејќи така ја губи сериозноста и тежината.

20-neshta-za-koi-ne-treba-da-se-izvinuvate-vo-ime-na-grizhata-za-sebe-01.jpg

Понекогаш и ние самите се извинуваме за нешта за кои не сме должни, мислејќи дека така ги смируваме односите или ги исправаме грешките.

Извинувањето секогаш треба да е искрено и во себе да ја носи тежината на грешката. Токму поради тоа, не сте обврзани да се извинувате, особено не за нешта кои сте ги направиле затоа што се грижите за себе.

Во следнава листа ќе пронајдете многу ситуации во кои сте се извиниле, а во кои е редно да престанете со тоа:

1. Сте рекле „не можам“

Не затоа што сте слаба личност, туку затоа што некогаш навистина не можете, особено ако не ви е пријатно да го правите тоа.

2. Сте седнале

Уморни сте, цел ден сте на нога и секако дека ќе седнете на празното столче во автобусот.

3. Сте побарале простор

Никогаш не се извинувајте што сте си дозволиле да си направите физички или емотивен простор.

4. Не сте излегле

Ако нешто за другите е искуство што не смее да се пропушти, а вам не ви е до тоа, слободно одберете нешто друго.

20-neshta-za-koi-ne-treba-da-se-izvinuvate-vo-ime-na-grizhata-za-sebe-02.jpg

5. Бранење на сопствените граници

Колку и да инсистира некој, ако нешто не ви е пријатно да го правите, тогаш не правете го тоа и не извинувајте се.

6. Поставување нови граници

За разлика од физичките граници, вашите лични можат да бидат променливи и здраво е да поставувате нови, особено кога ви се случуваат промени во животот.

7. За штедење

Никогаш не треба да се правдате за тоа како и на што ги трошите своите пари, бидејќи вие сте одговорни за својата финансиска благосостојба.

8. Очекувате фер третман

Секој очекува да биде третиран фер во сите ситуации во животот и навистина нема ништо ненормално во тоа. Ценете се себе и не извинувајте се ако нешто не излегло како што сте очекувале.

20-neshta-za-koi-ne-treba-da-se-izvinuvate-vo-ime-na-grizhata-za-sebe-03.jpg

9. Давате приоритет на своите услови

Не можете да бидете на сите места насекаде во исто време, па поради тоа давате приоритет на она што ви е поважно.

10. Се ослободувате од луѓето кои не ви одговараат

Зарем некој може да ви забележи за ова? Животот е подобар без тие луѓе.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
10 ситуации кога луѓето се соочиле со безобразни личности (кои немаат грам срам) Ве иритира ли кога ќе позајмите нешто и ќе ви го вратат оштетено? Или кога еден ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg