20 работи за кои не треба да се извинувате ако се почитувате себеси
11. Имате време само за себе
Ви се јавија за дружење, но тоа се поклопува со времето што сте си го определиле лично за себе? Не извинувајте се, тоа ви треба.
12. Ви требаат пријателите
Не треба да се извинувате што сте им пишале на своите најблиски пријатели, тоа е сосема нормално и очекувано во таков однос.
13. Барате поголема поддршка на работа
Не се извинувајте ако работата ви го нарушува балансот. Сосема е нормално тоа.
14. Тоа што преземате кормило
Во хаотични ситуации некој мора да остане со ладна глава и да ја стави ситуацијата под контрола. Нема ништо лошо ако вие го направите тоа.
15. Се однесувате како шеф
Ако имате ингеренции да бидете лидер, тогаш тоа и треба да го правите, колку и да сте блиски со оние кои се „под“ вас.
16. Што се менувате и растете
Можеби на вашите родители им недостига детето што бевте, а на партнерот личноста во која се вљубил првично, но потсетете ги дека и тие еволуирале како личности изминатите години.
17. Што ви е убаво
Дури и кога на вашата пријателка ѝ е најлошо на свет, не треба да се извинувате затоа што вас ви е убаво. Споделете ги среќата и тагата една на друга, полесно ќе ви биде.
18. Што сте амбициозни
Амбицијата е моќ и не треба да се извинувате што сакате да се искачите едно скалило погоре.
19. Што земате тајм-аут
Морате сами да се погрижите да не „прегреете“ и да не претерувате. Ви треба тајм-аут. Земете го!
20. Што работите на себе
Грижата за себе е нешто за кое не треба да се правдате никогаш пред никого. Што и да правите, а ве прави подобри и поздрави и најважно, посреќни, го правите за себе и не се извинувајте поради тоа.
Е. Д. | Црнобело