За времето минато на социјални мрежи секоја година може да прочитате 200 книги
Читајте секаде и секогаш - во автобус, на клупа, во кафуле, на пауза од работа, па зошто да не?
Светските милијардери кога ги откриваат трикови на својот успех на листата секогаш го ставаат и читањето.
Верувајте да почнете да читате ви е најдобрата одлука што можете да ја донесете во животот.
Според некои истражувања за просечното време минато на социјалните мрежи годишно може да прочитате 200 книги. Книгите ќе ви дадат храброст да го смените животот на подобро, да патувате, да дадете отказ од работа, да пронајдете функционална љубовна врска, ќе ви обезбедат модели и херои по кои ќе можете да се водите во животот.
- Зададете си задача по колку страни на ден задолжително мора да прочитате.
- Пронајдете време – скратете на телевизија и социјални мрежи.
- Запомнете дека медиумите се дизајнирани за да создаваат зависност, па направете пристапот до нив да ви биде потежок. Ако се одвикнувавте од кокаин на пример, сигурно нема да чувавте кокаин при рака. Од друга страна, книгите ставете си ги при рака.
- Секаде е совршено време и место за читање.
- Да стекнете добра навика е тешко, но една добра книга и лесно ќе се „навлечете“.
- Не бидете пребирливи, па читајте во автобус, на клупа, во тоалет без разлика дали печатени верзии или електронски.
С. С. | Црнобело