Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да се справите со луѓе кои премногу зборуваат?

На работа, во друштво, во јавен превоз, разговорите течат многу лесно, но кога ќе преминат во монолози, некогаш тоа може да биде навистина иритирачко.

kako-da-se-spravite-so-lugje-koi-premnogu-zboruvaat-01.jpg

Уште повеќе иритира ако двајца муабетџии се зазборуваат, особено кога сте на работа, а не излегуваат на пауза, туку продолжуваат во канцеларијата. Не секој сака да го слуша тој разговор и ако имате нешто да си кажете со некој од колегите, направете го тоа во просторијата за јадење или излезете на пауза.

Но, што да направите ако сакате да го заштитите својот простор и да им кажете на другите дека ви треба мир и тишина, а не разговор, и да не излезете вистински кретен?

Некогаш, проблем е и самата околина. Отворениот тип на канцеларии ги прави вработените посоцијални, но од друга страна таа социјализација може да пречи на други. На некои им треба мир и тишина, а бучавата им пречи и не можат да бидат продуктивни.

kako-da-se-spravite-so-lugje-koi-premnogu-zboruvaat-02.jpg

Ако сте тивок тип на човек, ова може да ви се случува насекаде, а не само во работа. Сигурно ви е непријатно да „скршите“ каков било муабет, но не сакате да ги слушате ниту туѓите.

Најлесен начин да се справите со овој проблем кога сте на работа е да ги замолите колегите да разговараат на потивок тон. Во јавен превоз немате многу избор, но секогаш можете да си помогнете со слушалки и избор на музика која ви се допаѓа. На големи собири исто така не е лесно да се издржи, па обидете се да не бидете во фокусот на настаните, доколку сакате да не ви се обраќаат.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Фото докази од луѓе кои имале една работа – и не успеале да ја завршат како што треба Кога вработените во маркет целосно ќе ги промашат производите и ќе ги стават на ...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
12 фотки поради кои ќе посакате да врескате од нервоза „Ѝ кажав на сопругата дека може да изеде пола од моите јагоди - секоја јагода е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg