Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Оставете ги токсичните луѓе настрана и одберете се себе

Секој ден правиме различни избори. Дали да јадеме пица или салата? Дали да излеземе или да си направиме домашен спа-третман? Дали да бидеме возрасни или да си дозволиме еден ден да бидеме дете?

ostavete-gi-toksichnite-lugje-nastrana-i-odberete-se-sebe-01.jpg

Слично е и за љубовта. Дали да излезете на тој состанок? Дали вреди шансата за одбивање? Дали вреди да останете со личноста која уште нема запалено искра во вас и да чекате тоа да се случи?

Но, дали сте помислиле кој е најважниот избор што треба да го направите? Точно, тоа е избирањето на себе пред сè останато.

А, тоа најуспешно можете да го направите ако се ослободите од токсичните луѓе кои го кочат вашиот живот, независно дали се партнери, пријатели, колеги. Тоа се луѓето кои никогаш не ве избираат вас.

Да се ослободите од нив може да биде тешка задача, но вие сте поважни од тоа да бидете саботирани во желбата да бидете поголеми од тоа што сте.

ostavete-gi-toksichnite-lugje-nastrana-i-odberete-se-sebe-02.jpg

Токсичните луѓе се како пијавици - само земаат и ништо не даваат за возврат и нема да престанат со тоа додека вие не одлучите дека веќе нема место за нив во вашиот живот.

Изберете ја љубовта која ја заслужувате. Отфрлете го оној кој ве „бркал“ и кога стигнал до вас решил да се повлече. Отсечете го оној кој ви ги одземал времето и вниманието, но решил да престане да го дава своето.

Тие не ве избрале, па не ги избирајте ни вие нив. Не им давајте веќе ниту секунда од вашето време. Не останувајте веќе ниту минута без сон прашувајќи се дали некаде сте згрешиле.

Ниту лажните пријатели не би ве избрале ако не сте им биле потребни. Ако тие можат да ви се јават и на полноќ и да им бидете рамо за плачење, но вие тоа не го добивате, време е да се ослободите од нив.

Без драма, без спектакли... Само нека гледаат како не ги избирате нив дури и кога мислите дека ви се потребни.

ostavete-gi-toksichnite-lugje-nastrana-i-odberete-se-sebe-03.jpg

Ослободете се и од влијанието на поранешните партнери. Тие се во вашето минато со причина и колку и да звучи застрашувачки, многу подобро и поздраво за вас е да бидете сами, отколку да се ставате себе во штетни ситуации.

Оставете ги да мислат дека тие ве избираат, не се борете со нив. Само продолжете да бидете свои и со вистинските луѓе.

Никогаш не е предоцна да се одберете сами себе наспроти сите оние кои ви задаваат мака и нервози. Почнете од овој момент и ќе сфатите колку во животот ви е полесно без тие искористувачи и губитници.

Ставете се себе на пиедесталот на своите емоции, бидејќи вие си го должите тоа на себе.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg