Најискрените одговори (2)
Во продолжение на најискрените одговори ви претставуваме уште неколку интересни размислувања од детските главчиња. Децата навистина даваат...
...најискрени одговори.
1. Кога се одлучуваат луѓето да стапат во брак?
- Прво, мораш да најдеш некој кој ги сака истите работи како и ти. Ако на пример ти сакаш фудбал, тогаш и таа мора да сака фудбал и да ти носи чипс и пиво.
Марко (10 години)
2. Кои се вистинските години за брак?
- Најдобро е на 23 години затоа што тогаш го познаваш својот маж најмалку 10 години.
Сандра (10 години)
- Не постојат најдобри години за брак. Мора да си глупав за да се ожениш.
Филип (6 години)
3. Што имаат заедничко твоите родители?
Пааа... и двајцата не сакаат да имаат уште деца.
Сара (8 години)
4. Што се прави кога ќе излезеш со девојка/дечко?
- На првото излегување се кажуваат интересни лаги за да може да сакаат пак да излезат со вас.
Милан (8 години)
5. Што би направил ти ако твојот прв состанок со девојка помине лошо?
- Јас би отишол дома и би се претворил во мртов.
Дарко (9 години)
6. Кога смее да бакнеш некого?
- Кога е богат и има многу пари.
Јелена (7 години) (да не е плавуша? )
- Кога ќе бакнеш некоја девојка, мора да се ожениш и да имаш деца со неа. Така ти е тоа.
Дејан (8 години)
7. Дали е подобро да си оженет или не?
- Јас не знам што е подобро, но знам дека не сакам да водам љубов со мојата жена за да не стане дебела.
Мирко (8 години)
8. Што треба да се направи за бракот да биде успешен?
- Мажот секогаш треба да и кажува на жената дека е убава, па дури и ако изгледа како автобус.
Бојан (10 години)