Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Неколку 10-минутни дневни рутини кои ќе го изострат вашиот ум

Колку и да ви звучи чудно, дури и минорните активности може да донесат значаен ефект во подобрувањето на вашите способности, таленти и размислувањето.

nekolku-10-minutni-dnevni-rutini-koi-kje-go-izostrat-vashiot-um-01.jpg

Ниту една ваша дневна активност не е непотребна, бидејќи во овој случај се работи за вкупен ефект на значајните исчекори и на активностите со кои ги следите.

Практикувајте барем неколку од следниве дневни рутини, за да му помогнете на својот мозок да остане во својата бистра состојба:

Научете нешто ново

Голем дел од животот поминавте во стекнување формално образование, но тоа не треба да е пречка да се заинтересирате и да научите нешто ново.

Утврдете ги постоечките знаења

Следете што се случува во вашата струка и како нештата одат напред. Бидете во тек со она за што сте професионално обучени и следете ги новите трендови.

Медитирајте

Дури и да не сте професионалец, периодот за медитација кој самите ќе си го одредите, ќе ви помогне да се одморите и физички и умствено. Потоа, вашите перформанси ќе бидат на највисоко ниво.

nekolku-10-minutni-dnevni-rutini-koi-kje-go-izostrat-vashiot-um-02.jpg

Вежбајте

Зарем може да помине некоја листа, без да се споменат сите можни физички и ментални бенефити од вежбањето?

Слушајте различна музика

Не се концентрирајте само на омилениот стил, изведувач или бенд. Обидете се со нешто ново, нетипично за вас. Различните жанрови стимулираат различни центри во мозокот.

Решавајте сложувалки

Симнете некоја логичка игра на мобилниот телефон и посветете мал дел од вашето време за да се обидете да поминете едно до две нивоа. Можете дури и да испробувате различни игри секоја недела.

Решавајте реални проблеми

Тоа што игнорирате некој проблем, не значи дека не постои. Почнете од најситните, за потоа да можете да ги решавате и крупните, сериозни проблеми.

nekolku-10-minutni-dnevni-rutini-koi-kje-go-izostrat-vashiot-um-03.jpg

Размислувајте за нови идеи

Поставете си прашање и обидете се да понудите повеќе од еден одговор. Ефектите се подобри кога си поставувате реален проблем за решавање.

Учете нови зборови

Проширете го својот вокабулар, дури и со нов синоним за некој збор што веќе го користите. Ова го стимулира мозокот и ги канализира импулсите во свесниот дел.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Австралијанка со шминка се трансформира во светските ѕвезди (видео) Од Леонардо ди Каприо преку Хери Стајлс, со Зек Ефрон - Евелин Коста прави невер...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg