Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Првут на капата, бактерии на ракавиците: Како правилно да ги одржувате зимските модни додатоци?

Сигурно ги обожавате вашиот топол голем шал, меката капа и ракавиците, но дали помислувате колку всушност, тие се валкани?

kako-pravilno-da-gi-odrzhuvate-zimskite-modni-dodatoc-01.jpg

Пред сè, на капата остануваат првут, влакненца, маснотии од косата и остатоци од козметички производи. Во шалот дишете, а тоа кондензира врз површината. Исто така, ретко кој внимава каде го остава, а и често паѓа, па лепи нечистотии врз него.

А замислете што се случува со ракавиците? Со нив безгрижно допирате секакви површини, а и можеби и не ги ни вадите ако нешто ве зачеша на лицето. Затоа е потребно од зимските модни додатоци да имате по повеќе парчиња, за да можете да се заштитите од кожни инфекции и непријатен мирис.

Прочитајте како да ги чистите:

Шалови

Ако ги перете во машина за перење, најдобро би било тоа да го правите во специјална цврста мрежа. Со тоа ќе спречите конецот да се закачи за нешто друго и да се истегне.

Ако се работи за волнен шал, перете го настрана од другата облека, на најниска температура и не го сушете во сушарата, туку на воздух или на место каде редовно се проветрува.

Капи

Волнената капа перете ја како и шалот. Ако не е волнена, тогаш перете според упатството на декларацијата. Ако сепак не ви се ризикува, секогаш можете да ја исперете на рака, но внимавајте да ја исушите добро (не користете сушара) пред да продолжите да ја користите.

Ракавици

Нив можете да ги перете во машина, но важно е исто така да не ги ставате во сушара. Волнените можете да ги перете во машина, додека кожените треба да ги пребришете со микрофибер крпа и малку детергент за садови. Исто така, може да користите и специјално средство за чистење на кожа.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg