Вашиот „најзлобен“ пријател е тој што го сака најдоброто за вас

Овој пријател „ви плеснува“ сè во фаца и понекогаш прави да сакате да го задавите. Стоп, кажете му благодарам!

vashiot-najzloben-prijatel-e-toj-shto-go-saka-najdobroto-za-vas-01.jpg

Дали имате пријател што го сакате многу, но понекогаш не можете да го поднесете затоа што неговите остри (и вистинити) зборови ви се забиваат како игли во срцето и ве повредуваат? Се прашувате ли дали потајно ве мрази?

Можеби изненадувачки, но едно неодамнешно истражување покажа дека вашиот „најзлобен“ пријател е тој што ве сака најмногу и го сака само најдоброто за вас.

Тој можеби во моментот прави да искусите негативни емоции, но тоа го прави затоа што смета дека на долг рок тоа ќе ви донесе придобивки.

vashiot-najzloben-prijatel-e-toj-shto-go-saka-najdobroto-za-vas-02.jpg

Универзитетот во Plymouth докажа дека за луѓето што вистински ги сакаме имаме повисоко поставени цели и понекогаш со нашите негативни коментари само сакаме да ги инспирираме да бидат подобри.

Односно вашиот пријател не е „злобен“ затоа што не може да ве поднесе, ве мрази и сака да ве повреди намерно, туку затоа што навистина ве сака, се грижи за вас и сака да бидете добро.

Тоа е начин на емпатија и кажување „те сакам“.

Кажете му веднаш на вашиот „злобен“ пријател дека ја цените неговата искреност.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg