8 работи кои луѓето ги откриваат за вас на првата средба
Осамени сте и под огромен стрес, а сметате дека со широката насмевка го криете тоа, но не е така. Постојат сигнали со кои вашето тело ве издава.
Дали некогаш сте се запрашале што мислат луѓето за вас? Можеби мислите дека сте експерт во криењето на чувствата, но дали е навистина така?
Понекогаш говорот на вашето тело и начинот на зборување откриваат многу ваши тајни мисли и чувства. Уште во првата минута на средбата вие сте „соголени“ пред соговорникот и тој според тоа одлучува дали може да ви верува или не.
Работи кои луѓето ги забележуваат уште при првата средба:
Нарцисоидност
Малку луѓе сакаат да си имаат работа со луѓе кои се луди по сами себе. Симптоми на нарцисоидна личност:
- огромно внимание на изгледот, облеката и нетолерирање на несовршеностите,
- кршење на правилата и гордост на тоа,
- чуден микс на несигурност и преголеми очекувања.
Стрес
Дури и тотални странци може да забележат кога имате „жаба на душата“. Вие нема потреба да им кажете и да плачете пред нив, постојат сигнали кои ве издаваат како:
- подигнати раменици, тензија во пределот на вратот и брадата, кои се штитот на вашето тело што се формира несвесно во стресни ситуации,
- прекумерно потење и влажни дланки, кои говорат за возбуденост.
Осаменост
Не е потребно да сте психијатар за да забележите осамена личност. Дел од симптомите се:
- агресивен стил и агресивен пристап дури и при шегите за својот љубовен статус,
- воодушевување на материјални работи како автомобил или телефон, наместо на луѓе,
- студени раце – осамените луѓе имаат пониска телесна температура отколку дружељубивите.
Несигурност
Мотото на несигурните личности е „Не сакам да ги навредам другите“. Тие ставаат маска на добра и мирна личност, иако сонуваат да „задават“ некого. Но, луѓето го забележуваат тоа преку некои знаци:
- подготвеност за страдање само за да се остане незабележан, нема жестоко барање на своите права,
- правење шега на сметка на своите недостатоци, како малата плата, само за другите да се забавуваат.
- „извини“ е омилениот збор и користење како штит да не се предизвика незадоволство кај другите.