8 работи кои луѓето ги откриваат за вас на првата средба

Тајни емоции

Внимателен набљудувач може да процени одредени работи само со следење на движењата на очите. Научниците велат дека погледот на личноста крие многу:

- брзото движење на очите зборува за импулсивност и експлозивен темперамент,

- очите широко отворени значат изненадување, па соговорникот забележува интерес,

- „мрзеливиот“ поглед не се поврзува со самодовербата, туку бавните движења на очите говорат само за умор.

8-raboti-koi-lugjeto-gi-zabelezhuvaat-za-vas-na-prvata-sredba-06.jpg

Успех

Дури и пред да сте свесни, луѓето знаат дали сте успешни или не. Некои сигнали сведочат дека ви оди добро во животот:

- часовник и чевли – добар часовник говори повеќе за вас од скап телефон или клучеви од автомобил,

- малите детали како едноставниот, но квалитетен накит говори за вашиот статус,

- уредните нокти и хидратираната кожа покажуваат дека сте личност што се грижи за себе.

8-raboti-koi-lugjeto-gi-zabelezhuvaat-za-vas-na-prvata-sredba-07.jpg

Срамежливост

Луѓето кои не веруваат никому се обидуваат да се сокријат. Говорот на телото ги оддава:

- држат нешто пред себе, како чаша или чанта за да бидат одделени од соговорникот,

- се релаксираат дури кога ќе почнат да му веруваат на соговорникот.

8-raboti-koi-lugjeto-gi-zabelezhuvaat-za-vas-na-prvata-sredba-08.jpg

Облеката говори за карактерот

Вашата облека неретко раскажува книга од 100 страници на другите за вас:

- неутрални нијанси и недостиг од модни додатоци – не сакате другите да го пикаат носот во вашата комфорна зона,

- преширока облека – не го прифаќате своето тело и се срамите до него,

- тон парчиња од модни брендови – имате очајна потреба од одобрување од другите, плус го цените својот статус,

- тон лежерна облека – секогаш ги ставате потребите на семејството пред своите потреби.

8-raboti-koi-lugjeto-gi-zabelezhuvaat-za-vas-na-prvata-sredba-09.jpg

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg