„Кога планирате дете“ и уште 5 прашања кои културните луѓе никогаш не ги поставуваат

Бон тон правилата треба да ви станат начин на живот ако сакате да оставите позитивен впечаток каде и да се појавите.

koga-planirate-dete-i-ushte-5-prashanja-koi-kulturnite-lugje-nikogash-ne-gi-postavuvaat-01.jpg

Културата кажува многу за човекот, а понекогаш, дури и кога не сте свесни, може да оставите впечаток на некултурна личност.

Посебно, во секојдневната комуникација, со поставувањето на некои непристојни прашања, за кои немате чувство дека треба да ги задржите во себе.

Со блиските луѓе може да бидеме поопуштени, но сепак постои граница до каде може да се оди, а со оние пак, кои ни се само познаници, мора да бидеме уште пообѕирни.

Па за да не направите грешка, во продолжение прочитајте кои се прашањата кои културните луѓе никогаш не ги поставуваат.

1. „Дали ова е мајка ти?“

Ако не сте сигурни во каков однос се луѓето околу вас, подобро да не се обидувате да погодувате сродни врски.

Веројатно, соговорникот ќе се почувствува непријатно од прашања како:

  • „Дали ова ти е мајка/сестра/брат/син?“
  • „Роднини ли сте?“

Во некои ситуации, може да ја наречете постарата сестра мајка и да ја навредите, или луѓе кои не се во добар однос да ги „направите“ роднини.

koga-planirate-dete-i-ushte-5-prashanja-koi-kulturnite-lugje-nikogash-ne-gi-postavuvaat-02.jpg

2. „Колку долго сте заедно?“

Луѓето сакаат да зборуваат за сопствените и туѓите врски, но, ако соговорниците не споделуваат веднаш во каков однос се, подобро да не поставувате прашања како, „колку долго сте заедно“, „венчани ли сте“ и слично.

Понекогаш, може да се работи за пријатели кои се многу блиски, па со прашањето колку време сте заедно, може да создадете само непријатна ситуација во околината.

Прашањата за бракот, може пак да создадат непријатност кај паровите кои се соочуваат со несогласувања, кои преговараат за завршување на бракот или пак, можеби веќе се разведени, но одржуваат добар однос.

koga-planirate-dete-i-ushte-5-prashanja-koi-kulturnite-lugje-nikogash-ne-gi-postavuvaat-03.jpg

3. „Кога ќе имате дете?“

И уште неколку слични прашања кои треба да ги избегнувате:

  • „Имате ли деца?“
  • „Бремена ли си?“
  • „Сакате момче или девојче?“
  • „Сите ли се твои?“

Сите мајки кои имаат повеќе деца, се соочиле со прашањето дали се сите нејзини, а очекувано, истото им оди на нерви.

Прашањето пак дали имаат деца, може да ги нервира паровите кои одлучиле дека не сакаат деца, или да ги вознемират оние кои сакаат, но не можат да имаат.

Прашањето за бременост пак, може да ги навреди жените кои се само со прекумерна тежина.

Доколку толку се интересирате за нешто од ова, почекајте да видите според разговорот дали соговорниците ќе откријат нешто на оваа тема, а доколку ги избегнуваат овие теми, подобро и вие да ги чувате овие прашања за вас и да не се интересирате за туѓите приватни животи и одлуки.

koga-planirate-dete-i-ushte-5-prashanja-koi-kulturnite-lugje-nikogash-ne-gi-postavuvaat-04.jpg

4. „Трајна ли е?“

И уште неколку слични прашања за изгледот:

  • „Болеше ли?“
  • „Вистинска ли е?“
  • „Каде ја правеше?“
  • „На солариум ли одиш?“

На многу малку луѓе им е пријатно и интересно да разговараат со непознати луѓе за нивните тетоважи, пирсови, суканици и слични невообичаени карактеристики од изгледот.

Не си дозволувајте да ги допирате луѓето за невообичаена коса или други работи на нив, бидејќи им го нарушувате личниот простор.

Не треба да се интересирате за деталите околу изборот за изгледот на луѓето, дали биле на солариум, каде ги правеле тетоважите, на кое место им се, или пак, да ги прашувате дали одат на козметички третмани, каде и слично.

koga-planirate-dete-i-ushte-5-prashanja-koi-kulturnite-lugje-nikogash-ne-gi-postavuvaat-05.jpg

5. „Зошто ти е тоа потребно?“

Хобијата може да бидат интересна тема за опуштање и разговор со не толку блиски соговорници, но постојат неколку прашања кои може да го засрамат соговорникот или кои не се ваша работа, па постојат некои граници кои треба да ги почитувате.

Така, на пример, не мора да прашувате зошто на некој му се потребни 3 кучиња, или толку многу животни дома, или пак, зошто троши толку пари на едно обично хоби. Секој го прави она што го сака и го прави среќен, како и тоа што може сам да си го дозволи, па не треба вие да ги судите или да им кажувате како треба да живеат и со што да си го исполнуваат времето. 

koga-planirate-dete-i-ushte-5-prashanja-koi-kulturnite-lugje-nikogash-ne-gi-postavuvaat-06.jpg

6. „Колку пари е?“

Многу луѓе поставуваат прашања поврзани со финансии – од тоа колку голема плата зема соговорникот, до колку пари чинело некое парче облека на нив, или фризурата.

Платата е приватна работа и не е ваше да знаете колку зема некој хонорар, пензија или било што поврзано со пари.

Исто така, трошоците на луѓето не се ваша работа, па нема зошто да ги прашувате колку пари го купиле палтото, лап топот или колку ги чинело фарбањето.

koga-planirate-dete-i-ushte-5-prashanja-koi-kulturnite-lugje-nikogash-ne-gi-postavuvaat-07.jpg

Како да одговорите на непријатни прашања?

Доколку вие се најдете во ситуација каде некој ви поставува непријатни прашања, може да одберете една од следниве опции:

  • Променете ја темата и индиректно избегнете го прашањето.
  • Дајте краток одговор без да образложувате детали.
  • Директно кажете дека не сакате да одговорите на тоа прашање.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Колку плата земаш? Бремена ли си? - 6 прашања кои учтивите луѓе никогаш не ги поставуваат Луѓето не се чувствуваат пријатно кога некој им ги поставува овие прашања. Лу...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg