8 нешта што секој треба да ги прави пред 8 часот наутро
Животите на најголемиот дел од луѓето се рефлексија на нивното минато. За многу од нас, утре многу ќе наликува на денешниот ден, но ако погледнеме подалеку, всушност доста нешта се поинакви.
Човечкиот мозок е предвидлива машина која е дизајнирана за да препознавате одредени ситуации кои ве потсетуваат на минатото, а со тоа ве спречува (или ви дозволува) да ги повторите.
Секогаш кога пробувате нешто ново, имате чувство на анксиозност, бидејќи новото е непредвидливо. Но, за да продолжите понатаму, треба да се научите да го прифаќате она што не можете да го предвидите, колку и тоа да ви го стега стомакот.
За да може да ви биде уште поудобно во своја кожа, потребно е да развиете посилна самодоверба и помал отпор кон промените. Создадете рутина која ќе ви помогне во ова, а која почнува уште во раните утрински часови која изгледа вака:
- будење
- мотивација
- инспирација
- перспектива
- придвижување
- охрабрување
- моќ
- храна
Затоа, потребно е да ги правите следниве нешта уште во раните утрински часови:
1. Спијте најмалку 7 часови
До 8 часот наутро веќе треба да сте отспале најмалку 7 часови квалитетен ноќен сон. Ова е одлична навика за да се будите одморени и да не ви требаат стимуланси за да се вклучите во работен погон.
Квалитетниот сон е поврзан и со подобрата меморија, креативност и концентрација, намален стрес, намален ризик од воспаленија и генерално подолг и подобар живот.
2. Медитација
Начинот на медитација и релаксација изберете го самите, според моделот кој ви одговара. По квалитетниот сон, добро е да ги смирите и телот и умот. Мислете на она што сте благодарни, на вашата улога во овој свет и на желбата да привлечете околу себе само позитивни нешта.
3. Запишете нешто во дневникот
Откако сте наспани и сте медитирале, посветете околу 10 минути на запишување на своите мисли, соништа, желби и стравови во дневникот.
Можеби водење дневник ви изгледа како нешто за тинејџери, но токму тој ќе ви помогне да можете понатаму да гледате како напредувате, што ви предизвикува лоши чувства, да го дефинирате пред себе својот емоционален идентитет... Со тоа ќе можете и да создадете подобра визија за она што го посакувате и да станете свесни за својот личен капацитет.
4. Физичка активност
Физичката активност е важна од многу аспекти и физички и ментално. Ако сакате да бидете во групата на здрави, среќни и продуктивни луѓе, тогаш задолжително внесете физичка активност во својата утринска рутина.
Така ќе го раздвижите телото, ќе го ослободите умот, а физичката активност помага и да ги намалите шансите за депресија, анксиозност и стрес.
5. Бидете храбри
Не треба секој ден да се борите со секој од своите стравови, но можете да изберете еден и да водите процес кој може да трае и со месеци. Доволни се неколку секунди дневно во кои ќе се соочувате со стравот кој го имате.
Значи, имате барем 20-30 секунди за да ја кажете својата идеа, за да го прашате прашањето што ве мачи, за да го остварите телефонскиот повик кој сте го замислиле... Што и да сакате да направите, пробајте. Во најголем број случаи нема да соберете доволно храброст, но еднаш во неделата сигурно ќе ви се посреќи и ќе направите нешто добро за себе.
6. Читајте мотивирачки содржини
На интернет можете да најдете голем број мотивирачки содржини, а можете и да читате од книга или да слушате аудио-книги. Доволни ви се барем 15 минути, за да може да ја подобрите самодовербата и да го гледате светот на поинаков, посветол начин.
7. Направете нешто и за долгорочните цели
Посветете дел од своето време за да можете да размислите и видите до каде сте стигнале со остварување на долгорочните цели. Не оставајте го ова за крајот на денот, кога всушност сте исцрпени и изморени.
8. Инвестирајте во врските
Размислете за луѓето кои ви се значајни во животот. Било да се работи за семејство, пријатели или некој кој ви помогнал, не заборавајте одвреме-навреме да му дадете до знаење дека не сте го заборавиле.
Клучно е да ги одржувате врските, и личните и професионалните. Секое утро размислете што би можеле да направите за некој кој ви значи, како да му покажете доволно внимание, благодарност, па дури и да му подарите нешто.
Е. Д. | Црнобело