Црвена долна облека, првите честитки со личност од спротивниот пол и свинско месо на трпезата – македонските верувања поврзани со Новата година

Конечно, „најлудата ноќ“ е веќе на прагот. Без разлика какви планови сте направиле, дали ќе ја дочекате дома, во некоја дискотека или кафеана или пак надвор од државата, најбитно е да се чувствувате убаво, да сте среќни и во мир со себеси.

Makedonskite-veruvanja-povrzani-so-Novata-godina-01.jpg

Низ земјите во светот постојат многу верувања поврзани со Новата година. Дел од нив се универзално прифатени, а други пак карактеристични само за одредени држави.

Во Шпанија се верува дека на полноќ треба да се изедат 12 зрна грозје со цел да ве следи среќа во сите 12 месеци од годината.

Кои верувања поврзани со Новата година преовладуваат во нашата земја?

Едно од поинтересните е дека на трпезата треба да послужите свинско месо, наместо пилешко или мисиркино, на пример. Ова носи одредена симболика, свињата рие напред во земјата и си го ослободува патот, што значи дека доколку каснете свинско месо и вие ќе имате успех и ќе одите само напред.

Не се препорачува да каснете кокошка на новогодишната ноќ или на 1 јануари, бидејќи ваквата птица само пафта со крилјата и лета во место, односно не се помрднува од точката, па зошто би сакале да стоите цела една година в место?

Едно од поинтересните верувања е дека новата година треба да ја дочекате во црвена долна облека со цел да имате среќа во љубовта, без разлика за каква модна комбинација сте се одлучиле, макар тоа биле и удобни пижами.

Исто така, се препорачува првата честитка во новата година да ја добиете од личност од спротивниот пол за да имате среќа во љубовта.

Најдобро е во новата година да влезете без никакви долгови. Но, уште поважно е во последниот ден од годината и на 1 јануари да не позајмувате никому пари. Ваквиот почеток на годината симболизира финансиски проблеми во текот на целата идна година.

Исто така, широко распространето е верувањето дека не смеете да изнесете ништо од дома, макар ни трошка, со цел да не ја растурите благосостојбата на домот.

Новата година треба да се дочека со многу музика, пеење, одбројување и силна бучава, со цел да се избркаат сите зли духови и непријатната енергија со која сте биле опкружени во текот на годината којашто изминува.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Низ илустрации: Застарени верувања кои треба да ги оставиме во минатото Мажот не смее да стапне во кујна бидејќи готвењето е женска работа и уште 7 заст...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
7 работи што треба да ги направите пред да заминете на одмор Кренатите ролетни во кујната и тоалетот оставаат впечаток дека сте дома, па пома...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Фотки што ќе ве разнежат – Луѓе кои имаат прекрасни соседи „Соседот ми го побара резервниот клуч – ми рече за да го изнесел кучето додека с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg