Ослободувачки вистини кои ќе ве направат посвесни за себе

Крајот на годината најчесто е период во кој ги преиспитуваме своите одлуки и носиме заклучоци што сè можело да направиме подобро.

osloboduvachki-vistini-koi-kje-ve-napravat-posvesni-za-sebe-01.jpg

Но, наместо да го правиме тоа, подобро е да се посветиме на иднината и да се потрудиме да го смениме она што мислиме дека е погрешно, како и да го прифатиме како составен дел од животот.

Затоа, следете ги овие ослободувачки вистини за вас и вашиот живот, кои ќе направат да се чувствувате многу подобро:

1. Твојата банкарска сметка и физичкиот изглед не се твојот карактер. Нема ништо морално или неморално во тоа дали имате пари, што јадете и како се облекувате.

2. Не ја заслужувате љубовта на друга личност, туку мора да ја заработите. Треба да давате, но и да внимавате да давате љубов на оние кои вредат.

3. Она што најмногу го заслужувате е вашата љубов кон себе, без разлика каде и да се наоѓате во животот.

4. Бидете благодарни и за негативните, тажните и непријатните искуства, бидејќи тие се важни лекции за вас.

5. Не можете да го смените светот преку ноќ, но можете да го менувате секој ден малку по малку - не ги користете зборовите за да повредите и бидете онаа личност која им ја враќа вербата на луѓето.

osloboduvachki-vistini-koi-kje-ve-napravat-posvesni-za-sebe-02.jpg

6. Свесноста за себе ќе ве ослободи од сиот бес, лутина, љубомора и вина од минатото.

7. Не живејте само за викендите. Најдете начин да ги направите и другите денови незаборавни.

8. Внимавајте како се однесувате кон другите луѓе, бидејќи единствено по тоа ќе ве паметат.

9. Не се вљубувајте во личност која е дрска и груба со персоналот во рестораните или со вработените во продавниците.

10. Не откажувајте планови само затоа што ви излегло нешто подобро. Ќе дојде ден кога веќе никој нема да ве викне никаде, па ќе се прашувате каде ви се сите тие пријатели кои ги имавте.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg