6 знаци дека тие не ве мразат, туку ви се љубоморни

Тие имаат проблеми со самодовербата и бесни се што не можат да бидат на нивото на кое сте вие, па не е чудно што се толку лоши кон вас.

6-znaci-deka-tie-ne-ve-mrazat-tuku-vi-se-ljubomorni-01.jpg

Во животот многу пати ќе сфатите дека некои луѓе не ве мразат, туку се однесуваат лошо кон вас затоа што едноставно ви завидуваат.

Знаци дека ви се љубоморни:

1. Ги потиснуваат вашите достигнувања. Не можете да бидете горди на ништо додека тие се во близина, затоа што нема да ја пропуштат пригодата да ви кажат дека не сте доволно добри.

2. Ве копираат и тоа во начинот на однесување, облекување и што уште не. Иако се преправаат дека ве мразат, тие ги прават истите работи како и вие.

3. Ги пренагласуваат своите достигнувања. Константно говорат за своите успеси и се обидуваат да изгледаат подобро од што навистина се.

4. Ве озборуваат постојано. Од ширење на лаги до сеење на вашите тајни, очекувајте од нив апсолутно сè. Опседнати се со вас и сакаат да ги знаат сите детали од вашиот живот.

5. Се натпреваруваат со вас, па ако вие одите на фитнес 2 пати во седмицата, тие ќе почнат да одат 3 пати. Без разлика за што станува збор, сакаат да се подобри од вас.

6. Секогаш се некултурни кон вас и како никогаш да немаат добар збор за да ви кажат. Имаат агресивен став само затоа што не можат да бидат на нивото на кое сте вие.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Кои светски ѕвезди се родени во знакот на Близнаци? (фото) Од Анџелина Џоли и Кајли Миног, до принцот Вилијам и оскаровецот Килијан Марфи -...
Сигурни знаци дека некој ве лаже, според ФБИ агент Кои знаци може да ги разоткријат личностите што се обидуваат да ве излажат? На к...
Празен паркинг и уште 6 знаци дека е подобро да го напуштите хотелот, според вработени Прегорените сијалици и прашината во лобито се само дел од ситниците што покажува...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
5 знаци дека самите сте виновни што сте несреќни во животот Дали ја запоставувате грижата за себе? А, дали имате навика опсесивно да „скрола...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg