10 кратки приказни за луѓе заради кои ќе помислите дека живеете здодевен живот
Понекогаш на сите ни доаѓа преку глава од истото темпо на живот и водењето по една иста рутина – „дома-работа-дома“.
Колку пати сте посакале да направите нешто необично, да преземете некој ризик, да ви биде возбудливо секојдневието и да ги преминете границите?
Некои луѓе го прават токму тоа и секој ден им е возбудлив, исполнет со настани кои ги прават среќни во моментот.
Тие прекршуваат правила и прават што сакаат, па сè додека со тоа не навредуваат или повредуваат некого, нема ништо лошо.
Овие кратки приказни за луѓе кои не познаваат граници ќе ве натераат да се замислите за вашиот живот:
Irene O'Shea е 102-годишна жена која скока со падобран за да собира пари за хуманитарни цели.
Пар кој бил во IKEA сфатил дека не им се допаѓаат сликите во рамки кои се продаваат и ги замениле со свои.
Erion сака да биде сирена – тој го поминува пола време во вода и учествува на фестивали за сирени.
Ella London ја обожава жолтата боја, па си го бои животот само во оваа боја.
Chuck работи како придружник за пешачење – тој шета и разговара со вас, а услугата чини 21 долар за еден час и има голема побарувачка.
Shiro Ortiz е 12-годишно дете кој ги ислушува луѓето во метро и на улици и им дава емоционален детски совет.
https://www.instagram.com/p/BSrOVvMhvEF/?utm_source=ig_embed
Larisa Mikhaltsova е 66-годишна жела која живее во село, одгледува кокошки и учи деца да свират хармоника.
Таа е исто така и модел, а се наоѓа помеѓу 100-те највлијателни жени во светот.
Steve Buck дизајнирал електричен коњ и го користи наместо автомобил.
Matt Callanen остава пликови со пари на улиците и барање да бидат потрошени на добри цели и успева – луѓето се грижат за бездомниците и им даваат ручек и прават други добри работи.
Баба им ветиле на сите дека кога ќе наполни 90 години ќе си ја офарба косата розова и ќе направи четка фризура – и го исполнила ветувањето!
М. М. | Црнобело