Чудни работи кои луѓето ги прават за роденден во различни земји низ светот

За некои, роденденот е најубавиот ден во годината, на кој му се радуваат и големи и мали, а други пак, не даваат некое посебно значење, освен ако не се работи за јубилеј.

chudni-raboti-koi-lugjeto-gi-pravat-za-rodenden-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-01.jpg

Секој човек има различно гледање на роденденот и практикува различни традиции на тој ден, но овие традиции се разликуваат и во земјите низ светот.

Ако во некоја земја е нормално овој ден да се прослави со роденденска торта, во други земји има некои сосема поинакви обичаи кои луѓето ги следат.

Кај нас најчесто, се пее роденденска песна, се дуваат свеќички на торта и се тегнат уши колку што се полнат години (доколку славеникот е дете).

Во продолжение погледнете што прават луѓето од различни земји низ светот на родендените:

Виетнам

Во оваа земја, не е вообичаено да се одбележуваат индивидуални прослави. Тие некогаш дури и забораваат на својот роденден, но сите заеднички ја одбележуваат виетнамската нова година и на тој ден, луѓето си додаваат по една година на нивните години.

chudni-raboti-koi-lugjeto-gi-pravat-za-rodenden-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-02.jpg

Ирска

Во Ирска, кога родителите им честитаат роденден на децата, имаат обичај да ги превртат наопаку и благо ги допираат до земја толку пати колку што полнат години – за добра среќа.

chudni-raboti-koi-lugjeto-gi-pravat-za-rodenden-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-03.jpg

Мексико

Детските родендени во Мексико не поминуваат без пињата – играчка направена од хартија во форма на животно или цртан лик, полна со слатки работи. Според традицијата, славеникот треба со затворени очи да ја скрши и да си ја добие наградата, односно слатките кои ќе испаднат од неа.

chudni-raboti-koi-lugjeto-gi-pravat-za-rodenden-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-04.jpg

Австралија

Наместо класична роденденска торта, на детските родендени може најчесто да се забележи омилениот австралиски десерт – лепче исечено на триаголници, намачкано со путер и наросено со шарени трошки.

chudni-raboti-koi-lugjeto-gi-pravat-za-rodenden-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-05.jpg

Јамајка

Во Јамајка има традиција сите да фрлат брашно врз славеникот на неговиот од роденден, независно дали се работи за дете или возрасен.

chudni-raboti-koi-lugjeto-gi-pravat-za-rodenden-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-06.jpg

Бразил

Во Бразил, кога се честита роденден на дете, слично како кај нас, му се тегнат ушите толку пати колку што полни години за да порасне големо.

chudni-raboti-koi-lugjeto-gi-pravat-za-rodenden-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg