Вознемирувачки пораки кои луѓето ги добивале, случајно или не

На Редит корисниците отвориле тема во која ги споделуваат најчудните, највознемирувачките и најбизарните пораки кои некогаш ги добиле.

voznemiruvachki-poraki-koi-lugjeto-gi-dobivale-sluchajno-ili-ne-01.jpg

Без разлика дали се работи за писма, СМС, мејлови или пораки на Фејсбук, некогаш соговорникот може да биде морничаво креативен.

„Поранешната жена на татко ми побара од мене дозвола за ексхумација на телата на моите баба и дедо, бидејќи мислеше дека ја проколнале. Еднаш ми понуди секс во замена за информацијата каде се тие закопани. Ја пријавив кај чичко ми кој е полицаец. Не ѝ направи ништо, но ги зачува пораките како доказ. По неколку години беше уапсена за друго дело.“

„Околу 23 часот добив порака од семеен пријател: 'Види, мислев дека го можам тоа, но не можам. Поминаа шест месеци и никој веќе не се грижи за тоа. Тој е само дете и јас не сакам веќе да бидам во ова, па затоа, барај некој друг', за по неколку минути да добијам: 'Извини, грешка, требаше кај брат ми да го пратам ова'.“

voznemiruvachki-poraki-koi-lugjeto-gi-dobivale-sluchajno-ili-ne-02.jpg

„Еден од соседите ме праша дали сум била во лифтот пред малку, бидејќи ме намирисал. Рече дека најверојатно овулирам, дека сум многу плодна и тоа ги надразнило неговите машки сетила. Во право беше.“

„Добив текст-порака од непознат број: 'Тој нема веќе да те вознемирува, се погрижив за тоа'.“

„Мојот пријател почина. Две недели по погребот добив говорна порака од него. Се јавив кај операторот и им објаснив што се случи. Според нив, најверојатно се испразнил телефонот среде пораката и таа се испратила кога неговото семејство го наполнила. Логично, но сè уште бизарно.“

voznemiruvachki-poraki-koi-lugjeto-gi-dobivale-sluchajno-ili-ne-03.jpg

„Пред неколку години од нигде-никаде ме запре жена и ми рече: 'Ти, ќе ги изгубиш првите две семиња'. Ѝ простив и ја заборавив. Пред неколку дена имав спонтан абортус и тие беа близнаци. Веднаш се сетив на тоа.“

„Некој пушти картичка под нашата врата со порака 'те следиме', адресирана до мене.“

„Сакав да креирам Инстаграм профил, но добив порака дека веќе постои профил на мојот мејл. Побарав промена на лозинка и сфатив дека се работи за сосема неупотребуван профил. Добив порака до поранешен пријател: 'Сакаш да те научам да хакираш?' Уште се плашам.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Родители споделуваат морничави работи што ги кажале и направиле нивните деца „Син ми месечареше на возраст од шест до осум години. Една вечер дојде во дневна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg