Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Без разлика колку животот станува тежок, бидете благодарни за тоа што го имате

И верувајте дека, без разлика колку тешки стануваат работите, зад аголот се крие нешто добро за вас. Само треба вистински да верувате во тоа.

bez-razlika-kolku-zhivotot-stanuva-tezhok-bidi-blagodaren-za-toa-shto-go-imash-01.jpg

Понекогаш се случува да дојдат мрачни времиња и животот да не ни е онаков каков што сме го замислувале. Водиме милион битки и болката доаѓа од сите страни.

Но, без разлика колку животот станува тежок, бидете благодарни.

Бидете благодарни затоа што сте тука. Затоа што сте живи. Вие сте прекрасно суштество и вашето постоење на оваа планета е голема причина за да бидете благодарни. Без разлика дали верувате во тоа – вие значите.

Бидете благодарни што околу себе ги имате сите тие луѓе кои се во секој миг тука за вас. Оние кои остануваат покрај вас и во најтешкото. Бидете благодарни што семејството и пријателите секогаш ве поддржуваат и ви веруваат. Бидете благодарни дури и на тие што ви го скршија срцето, ве научија на важни лекции и ве направија посилни и поотпорни.

Бидете благодарни за сите рани и лузни по телото, кои се тука да ве потсетат дека сте ја преживеале секоја битка. Дека имате лавовско срце и дека можете да издржите сè.

bez-razlika-kolku-zhivotot-stanuva-tezhok-bidi-blagodaren-za-toa-shto-go-imash-02.jpg

Бидете благодарни за сите добри работи кои ги имате во животот. За тоа колку прекрасно свети сонцето секој ден, колку е вкусно утринското кафе, колку ви е топла собата... Затоа што малите работи се работите кои значат на крајот од денот.

Бидете благодарни за грешките кои ве обликуваа во личноста во која сте денес. Да не беа тие немаше да ги знаете сите работи кои ги знаете сега и вие немаше да бидете вие.

Во свет полн со грижи, каења и негативна енергија бидете некој што ги цени работите што ги има, Бидете благодарни и гледајте го доброто во сите работи.

И верувајте дека, без разлика колку тешки стануваат работите, зад аголот се крие нешто добро за вас. Само треба вистински да верувате во тоа.

Извор

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg