Трикови како да се држите до новогодишните резолуции

Крајот на годината е период кога секој од нас си ветува на себе дека следната година ќе се потруди да биде најдобрата верзија на себе.

novogodishni-rezolucii-i-kako-da-drzhite-do-niv-01.jpg

Но, како што веќе знаеме, прилично е тешко да се држи до тие одлуки, особено кога и непредвидливите фактори ќе влијаат врз резолуциите. Сепак, не е невозможно да ги исполните.

Постојат многу примери за луѓе кои успеале да одолеат на искушенијата и да го живеат животот онака како што замислиле и испланирале.

Како и вие да бидете како нив?

Запишете ги на лист хартија

Со ова не се мисли да ги внесете во ексел-табела, туку да ги запишете со своја рака и да следите до каде сте стигнале. Бидете креативни и ќе добиете уште повеќе идеи како да го направите својот живот подобар и поуспешен.

Водете дневник, планер, користете разнобојни пенкала, сè што ќе ги направи новогодишните резолуции и визуелно примамливи.

Имајте план и цел

Планирајте го секој аспект од животот. Ако сакате да се запишете на јога, имајте на ум дека тоа е дополнителен трошок кон сегашните и дека треба поинаку да го планирате расположливиот буџет.

Одредете што сакате да постигнете со својот план, за да ви биде полесно да се движите кон зададената цел.

novogodishni-rezolucii-i-kako-da-drzhite-do-niv-02.jpg

Споделете ги резолуциите со некој друг

Со своите блиски можеби имате исти идеи што сакате да постигнете следната година. Ако ги споделите со нив своите резолуции, можеби ќе најдете некој со кој заедно ќе ги исполните и нема да ви биде здодевен тој пат.

Бидете реални

Најважниот дел од планирањето е планот да е во склад со реалноста. Без разлика за што се работи, секогаш треба да загризете онолку колку што може да изџвакате. Знајте ги своите граници и поставете си реални цели.

Прославете ги успешните етапи

Секое достигнување заслужува да биде прославено, макар и тоа да го направите со самите себе. Дајте си време за да уживате во постигнатото и со помош на тоа мотивирајте се за надминување на потешките чекори предвидени со новогодишните резолуции.

novogodishni-rezolucii-i-kako-da-drzhite-do-niv-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg