Исповеди на 4 луѓе: „Зошто одлучив да ја откажам свадбата?“

„Се препотував во деновите пред свадбата, не можев да спијам, сфатив дека не ја сакам, сфатив дека не сакам живот со неа...“

ispovedi-na-4-lugje-zoshto-odluchiv-da-ja-otkazam-svadbata-01.jpg

Ужасно е да разочараш некого и да го оставиш денови пред свадбата, но некои луѓе го прават тоа. Зошто?

Поради помислата дека е уште поужасно целиот живот да бидеш мизерен и да направиш да се чувствува и другиот мизерно само затоа што си немал храброст да се повлечеш кога си почувствувал дека тука повеќе нема љубов.

Исповеди на луѓе:

„Сфатив дека не можам“

Денови пред свадбата сфатив дека не можам. Се смрзнував од самата помисла да облечам венчаница. Сфатив дека не го сакам, туку само копнеам за сигурноста, која ќе ми ја донесе бракот. Бев млада и исплашена. Откажав сè. Тој потоа си најде жена што навистина го сака. Среќен е сега.

ispovedi-na-4-lugje-zoshto-odluchiv-da-ja-otkazam-svadbata-02.jpg

„Сфатив дека не ја сакам“

Бевме дел од исто друштво. Сите мислеа дека е кул што сме заедно. Кога работите станаа реални сфатив дека не се гледам до крајот на животот со неа, ставив точка, иако сè беше подготвено за свадба. Всушност, ми беше другарка, не чувствував страст за неа.

ispovedi-na-4-lugje-zoshto-odluchiv-da-ja-otkazam-svadbata-03.jpg

„Се препотував, премлад бев за тоа“

Ноќта пред свадбата се препотував, не можев да спијам, бев премлад да се женам. Чувствував гушење и собрав храброст да откажам. Потоа појдов сам на долго авантуристичко патување. Морав да си го рехабилитрам духот. Повеќе не бев вистинскиот јас, бев проектот што таа го направи од мене.

ispovedi-na-4-lugje-zoshto-odluchiv-da-ja-otkazam-svadbata-05.jpg

„Запознав друг пред свадбата“

Бевме долги години заедно, сонував за раскошна свадба во фустан на принцеза. Мислев дека тоа е следниот логичен чекор. Немавме веќе теми за разговор и здодевно ни беше заедно, но мислев дека така е кај сите, дека сме остареле, односно пораснале. Но, еден месец пред свадбата сретнав маж кој не можев да го извадам од умот. Сакаше кампување, сакаше планинарење, сакаше сè што сакам јас. А јас? Јас веднаш посакав живот со него.

ispovedi-na-4-lugje-zoshto-odluchiv-da-ja-otkazam-svadbata-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg