Што можат хигиенските навики да откријат за личноста?

Хигиенските навики се нешто што не смееме да го занемаруваме во животот на каков било начин. Но, секоја личност си има свој специфичен начин на хигиена.

shto-mozhat-higienskite-naviki-da-otkrijat-za-karakterot-na-lichnosta-01.jpg

Иако изгледа неверојатно, хигиенските навики го рефлектираат и карактерот на личноста како и нејзиниот став кон себе и кон животот. Ова особено важи за физичкиот аспект.

Хигиенските навики се поврзани со нашите најдлабоки мисли и верувања за она што сме и како сакаме да настапиме во светот.

Па, проверете дали е тоа вистина:

Имате секогаш резервни производи за хигиена

Ако секогаш со себе имате мини дезодоранс, пакување влажни марамчиња, чешел, течност за дезинфекција на раце, па дури и мали четка за заби и паста, вие покажувате многу повеќе за себе отколку што претпоставувате.

Сакате да бидете подготвени на секоја можна ситуација, бидејќи на тој начин се чувствувате безбедно и самоуверено.

Миење заби по секој оброк

Два до три пати во текот на денот е и препорачливо да се мијат забите. Но постојат и оние кои секаде со себе носат четкичка и паста и ги мијат забите по секој оброк.

Тие не сакаат да ризикуваат да им остане храна меѓу забите или да се соочат со лош здив кога треба да разговараат со луѓе. Се работи за мала несигурност која постои кај нив, но е доволно голема за да ги „тера“ на вакви чекори.

shto-mozhat-higienskite-naviki-da-otkrijat-za-karakterot-na-lichnosta-03.jpg

Туширање секое утро по секоја цена

Ако на некои им треба штотуку сварено кафе, има и такви на кои им е потребно туширање за да можат да го продолжат денот.

Тие се плашат дека се валкани или дека имаат непријатна миризба на телото по будењето, па затоа и не можат да го напуштат домот без да се истушираат.

Стрикна рутина каде и да се

Без разлика дали е лето или зима и дали се дома, на гости или на одмор, некои луѓе си се држат до своите хигиенски навики. Тоа значи и со себе да носат ако треба и по цел куфер козметика, само за да ја запазат негата.

Специфично за нив е што доколку прескокнат некој чекор, цел ден ќе се чувствуваат како нешто да не е во ред.

Немаат рутина

Не е дека не ја одржуваат хигиената, туку немаат стриктен распоред по кој се водат.

Овие личности се многу комуникативни и повеќе внимание посветуваат на модата и шминката, а за хигиена им е доволно само редовно да се истуширани и косата да им е чиста.

shto-mozhat-higienskite-naviki-da-otkrijat-za-karakterot-na-lichnosta-02.jpg

Се подготвуваат од претходната вечер

Тие уште пред спиење знаат што точно ќе користат наредното утро и во што ќе бидат облечени.

Овие луѓе не сакаат изненадувања и сакаат секогаш да бидат чекор понапред во планирањето. Исто така, многу се талентирани и умеат со мултитаскот.

Прескокнуваат чекори

Тие утрово ќе ги измијат забите и ќе ја исчешлаат косата, а лицето ќе го измијат без некое посебно внимание. Нив им е важно само целиот процес да трае што пократко.

Тие го ценат спиењето и слободното време и сметаат дека не треба да се трошат премногу часови во стилизирање на косата или „погодување“ на шминката.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg