Јапонскиот начин на живот со којшто ќе доживеете 100 години
Данците и општо сите Скандинавци, веќе со години се на врвот на листата на најсреќни народи на светот. Но, и Јапонците знаат како да водат среќен живот.
Како што Данците до имаат hygge, така Јапонците го имаат ikigai, начин на живеење чијашто главна премиса е „Само доколку си активен ќе живееш 100 години“.
Јапонците се познати како многу вреден, мудар и навистина посебен народ кој го сака животот и луѓе од коишто можеме многу да научиме. Истовремено, тие се и меѓу најдолговечните луѓе во светот, а многу од нив живеат и по 100 години. Така, на пример, Окинава е место со најголем број на стогодишници во светот.
Јапонките во последните 25 години го држат светскиот рекорд како жени со најдолг животен век, а во просек живеат 84,5 години. Згора на ова, тие скоро никогаш не се здебелуваат.
Токму на Окинава е настаната филозофијата на живеењето којашто ја следат многу од жителите на Јапонија, а којашто е заслужна за нивната среќа и долговечност.
Она по што клучно се разликува филозофијата на Јапонците од онаа на Данците е тоа што hygge се темели на удобност и домашна атмосфера, а ikigai се темели на активност.
Јапонците сметаат дека само активна личност може да доживее убава и длабока старост, а тоа се однесува и на менталната и на физичката активност. Значи најважно е да се одржуваат мозокот и телото во форма.
Ikigai се дефинира како точка на испреплетување на четири примарни елементи:
- 1 Што сакам? (што е вашата страст)
- 2 Во што сум добар? (она што сакате да го работите)
- 3 За што можам да бидам платен сега – или нешто што може да биде моја идна професија? (вашата професија)
- 4 Што му треба на светот? (вашата мисија)
Јапонците тврдат дека кога ќе ги пронајдете одговорите на сите четири прашања, ќе го пронајдете и вашиот ikigai:
1. Бидете активни и останете такви дури и во пензија.
2. Оставете ја итноста и прифатете го побавниот ритам на живеење.
3. Јадете додека не станете 80% сити.
4. Опкружете се со добри пријатели.
5. Одржувајте се во форма преку секојдневни, лесни телесни вежби.
6. Смејте се и почитувајте ги луѓето околу вас.
7. Спојте се (повторно) со природата.
8. Заблагодарете се на сè што ви го разубавува денот и што прави да се чувствувате живи.
9. Живејте во моментот.
10. Следете го својот ikigai.
И за крај уште еден совет којшто ќе ви го дадат мудрите Јапонци - останете љубопитни. Секогаш одржувајте го интересот за нови работи и нови искуства, а тоа ќе ви помогне да живеете среќно, здраво и долго.
(О)Милена | Црнобело