Што значат малите симболи и логоа на вашите козметички производи?

Козметиката што секојдневно ја користиме е произведена од најразлични состојки, кои мора да бидат наведени на пакувањето. Но, покрај нив, постојат уште неколку симболи кои редовно ги има на амбалажата на козметичките производи.

otkrijte-shto-znachat-malite-simboli-i-logoa-na-vashite-kozmetichki-proizvodi-01.jpg

Во продолжение, со помош на илустрации, ќе ви помогнеме да ги протолкувате сите симболи кои се испечатени на кутијата од кремата за лице или парфемот.

За среќа, нив ги нема многу, но сигурно во листата ќе препознаете барем еден кој сте го гледале во својот несесер.

PAO-ознака

Доаѓа од англискиот термин „Period After Opening“ и се однесува на рокот на траење на производот од датумот на отворање. Најчесто се комбинира со бројка и буквата М, што означува „months“, односно „месеци“.

otkrijte-shto-znachat-malite-simboli-i-logoa-na-vashite-kozmetichki-proizvodi-02.jpg

Зајак во скок

Овој симбол покажува дека производот не е тестиран врз животни, во ниту еден момент од процесот на производство.

otkrijte-shto-znachat-malite-simboli-i-logoa-na-vashite-kozmetichki-proizvodi-06.jpg

Стрелките што вртат триаголно (мобиус)

Покажува дека пакувањето може да се рециклира. Доколку до него или во него има бројка, тоа е процентот на рециклиран материјал употребен за изработка на пакувањето.

otkrijte-shto-znachat-malite-simboli-i-logoa-na-vashite-kozmetichki-proizvodi-05.jpg

Ecocert

Оваа ознака ја има на природните и органски козметички производи. Кај органските значи дека во составот имаат најмалку 95% органски состојки, додека кај природната козметика означува најмалку 50% природни состојки.

otkrijte-shto-znachat-malite-simboli-i-logoa-na-vashite-kozmetichki-proizvodi-08.jpg

Точка со стрелки

Најчесто е зелена, но ја има и во други бои. Сепак, значењето е единствено - компанијата е дел од европската шема на рециклирање и има стрикни правила за производство на пакувањата.

otkrijte-shto-znachat-malite-simboli-i-logoa-na-vashite-kozmetichki-proizvodi-04.jpg

Песочен часовник

Овој симбол ни кажува дека производот има рок на траење 30 месеци од датумот на производство, без разлика дали е отворен или не.

otkrijte-shto-znachat-malite-simboli-i-logoa-na-vashite-kozmetichki-proizvodi-03.jpg

Пламен

Појасен симбол од овој нема - производот е лесно запалив и треба да го држите подалеку од директен извор на светлина или топлина, а уште подалеку од пламен.

otkrijte-shto-znachat-malite-simboli-i-logoa-na-vashite-kozmetichki-proizvodi-07.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
Најубавите имиња за девојчиња и момчиња родени во пролет (и нивното значење) Вито – оној кој означува живот, исто како природата во пролет, која оживува. Ири...
Детали од земјите ширум светот кои кријат необични приказни Ако во Шкотска видите црвена влезна врата, тоа значи дека домаќинот го исплатил ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg