Концерти, секс под туш: Работи кои не ја заслужуваат популарноста која ја имаат

Некои нешта во животот ги правиме затоа што сите останати ги прават. Ако случајно решиме да се повлечеме од сето тоа, често добиваме зачудувачки и осудувачки погледи.

popularni-neshta-koi-ne-ja-zasluzhuvaat-popularnosta-koja-ja-imaat-01.jpg

Секако, постојат многу нешта кои ја заслужиле популарноста и вниманието, но многумина сметаат дека голем дел од нив се преценети.

Какви се мислењата на луѓето за најразлични секојдневни работи:

Концерти и фестивали

„Сум бил на стотици концерти и фестивали и можам да ги сведам на неколку нешта: прескапи пијачки, пијана публика, ограничен поглед, гужва, долг ред пред тоалетот и блокиран слух неколку денови потоа.“

popularni-neshta-koi-ne-ja-zasluzhuvaat-popularnosta-koja-ja-imaat-02.jpg

Кино

„Велат, неповторливо искуство. Да, доколку во тоа спаѓа скапиот билет, скапите пуканки, дрските и безобѕирни луѓе и неприфатливоста на одење таму во пижами.“

Пиво

„Не можам да им се изначудам на оние кои уживаат во газирана горчлива течност, од која постојано ти се оди во тоалет и ќе те чини премногу пари ако сакаш да се поднапиеш.“

popularni-neshta-koi-ne-ja-zasluzhuvaat-popularnosta-koja-ja-imaat-11.jpg

Виски

„Пробав виски и имаше вкус на разредувач на боја. Ми кажаа дека таков вкус имаат евтините видови и ми понудија скапо виски. Имаше вкус на разредувач на боја.“

popularni-neshta-koi-ne-ja-zasluzhuvaat-popularnosta-koja-ja-imaat-12.jpg

Парфеми и колонски води

„Ги разбирам дезодорансите и тоалетните спрејеви. Но, парфемите се преинтензивни за мене и дури и ми пречат.“

Возење автомобил

„Ми велеле дека да имаш свој автомобил е вистинското нешто. Како јас гледам на тоа? Трошоци за гориво, трошоци за регистрација и постојана потрага по слободно паркинг место.“

Свадби

„Не ми е јасно како на некого му е мерак да троши толку пари, да се смешка пред роднини кои не ги видел со децении и да глуми дека му се допаѓаат ужасните подароци кои ги добива.“

popularni-neshta-koi-ne-ja-zasluzhuvaat-popularnosta-koja-ja-imaat-10.jpg

Кендрик Ламар

„Не ми е јасно како е толку популарен. Јас ја исклучувам песната по првиот стих поради неговиот иритантен глас.“

Нетфликс

„Да плаќам некаков сервис каде има ограничен избор на филмови и неколку добри серии? Никогаш повторно.“

popularni-neshta-koi-ne-ja-zasluzhuvaat-popularnosta-koja-ja-imaat-09.jpg

Плажи

„Сакам плажи, но не оние популарните, кои се преполни со луѓе и каде водата е матна и валкана.“

popularni-neshta-koi-ne-ja-zasluzhuvaat-popularnosta-koja-ja-imaat-03.jpg

Секс под туш

„Холивуд нè убедува дека сексот под туш е одличен. Во пракса е непрактичен, лизгав и постои опасност од повреди.“

popularni-neshta-koi-ne-ja-zasluzhuvaat-popularnosta-koja-ja-imaat-06.jpg

Зомби апокалипсата

„Не можам да сфатам како може да бидат популарни серии и филмови со оваа тема. Не гледа ништо интересно во полураспаднати луѓе кои сигурно мирисаат ужасно.“

Кафе

„Иако е ова само мое лично мислење, сметам дека нема ништо посебно во течност која е или горчлива и кафеава или е разредена со пена од млеко.“

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Прашувам за пријател: Само што се вратив од болница, а сопругот очекува да му готвам и да го служам ... „Првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg