Паѓање, летање, доцнење, смрт - 10 најчести работи кои ги сонуваме и нивното значење

Колку пати ви се случило да ви се повторува истиот сон? Можеби сонувате како летате или пак како паѓате, а вистината е дека сите ние имаме соништа од кои се будиме збунети или препотени.

10-najcesti-raboti-koi-gi-sonuvame-i-nivnoto-znacenje-01.jpg

Сте се запрашале ли што ги предизвикува овие соништа? Верувале или не, тие најчесто се резултат на емоциите коишто ги чувствуваме или ситуациите со кои се соочуваме секојдневно.

Прочитајте што симболизираат овие 10 најчести соништа кои ги сонуваме:

Паѓање – сонувате дека неконтролирано паѓате без можност за сопирање

Овој сон најчесто има 2 значења. Првото симболизира нервоза поврзана со работи или проблеми кои не можете да ги контролирате во реалниот живот. Се плашите да ја загубите контролата или имате страв од неуспех. Во секој случај, потребно е да ги пуштите нештата да течат и да се одвиваат природно. Имајте верба.

Втората интерпретација на сонот е позитивна. Паѓањето може да означува и смиреност додека во реалниот живот свесно се оддалечувате од ситуации, луѓе и работи со кои не сакате повеќе да се заморувате.

Голи – во јавност сте и шетате без облека на себе

Се чувствувате ранливо во поглед на физичкиот изглед или сопствената емоционалност. Во реалноста можеби чувствувате дека сте премногу експонирани и засрамени кога се работи за унапредување, новонастаната ситуација или јавен настап на кој треба да земете учество.

Вистинскиот страв со кој се соочувате е дека луѓето ќе откријат нешто поврзано со вас кое вие се обидувате да го скриете. Обидете се да се запрашате – кое е најлошото нешто што луѓето би можеле да го откријат за вас доколку ве видат во вистинско светло?

Многу веројатно е дека ќе продолжат да ве сакаат токму онакви какви што вистински сте.

Тестирање – во училиште сте и доцните за тестот или не можете да ја пронајдете училницата

Кога сонувате дека имате некој тест пред вас како во школските денови, најчесто укажува на самоевалуација или дека сте премногу критички настроени кон себеси.

Многу пати ваквите типови на соништа се поврзани со стресот кој го акумулирате во реалноста, најчесто на работното место. Се плашите дека колегите потајно ве осудуваат или пак дека сте недостојни за задачите кои ви се доделуваат, нека нема да успеете ви истите и сите ќе ви го свртат грбот.

Обидете се да се прифатите себеси и наместо да се критикувате, за промена дадете си пофалба. Мошне веројатно е дека ги преувеличувате неуспесите на работното место, па стравовите ви се неретко неоправдани.

Брканица – ве брка некое чудовиште, манијак, убиец

Кога сонувате како некој ве брка значи дека силно ви работи инстинктот за преживување. Многу веројатно е дека се чувствувате загрозени од страна на нешто или некого во реалноста и барате излез од ситуацијата.

Сосема можно е дека сакате и да избегате од некого или нешто во животот. Размислете што ве мачи и што сакате да елиминирате од сопствениот живот, но наместо да бегате храбро соочете се и направете промена кон подобро.

Летање – летате низ небото

Овие соништа се поврзани со контролата. Овој сон најчесто има позитивно значење, симболизира дека се чувствувате слободни да донесете каква било одлука и дека контролата е во вашите раце.

Коцките се редат онака како што вие посакувате, а сонот исполнет со безгрижно летање значи дека умот ви кажува дека сте силни и можете да се издигнете над секоја ситуација, дури и кога ви е најтешко.

Заби – паѓање на сопствените заби

Многу експерти имаат различни толкувања во врска со овој непријатен сон. Доколку ги губите забите значи дека се плашите од стареење и од губењето на сопствената убавина.

Забите симболизираат моќ, мудрост и комуникација, па многу веројатно е дека имате проблем со комуникацијата во реалниот живот, или можеби ја губите самодовербата.

Паѓањето на забите може да означува и транзиција, вртење нов лист, големи промени кои целосно ќе ви го сменат текот на животот.

Умирање – некој кој ви е многу близок е на смртна постела

Смртта во соништата вообичаено симболизира краеви и нови почетоци. Да сонувате како умира некој близок во вашиот живот не означува дека тој навистина набргу ќе се соочи со смртта.

Ова најчесто означува дека се соочувате со огромна емоционална промена во животот или дека сакате изворот на негативност конечно да секне. Соништата со смрт прифатете ги како охрабрување за нов почеток.

Доцнење – сте тргнале некаде, но што и да правите никако не можете да стигнете на време

Ова симболизира дека испуштате некоја значајна можност или прилика која ви се нуди во реалноста. Исто така, доцнењето може да означува и нервоза која се трупа во вас поради тоа што сте преоптоварени со премногу обврски истовремено.

Можеби е време да смислите како поефективно да го искористите денот во реалниот живот, без да се впуштате и вложувате во премногу обврски кои непотребно ви ја црпат енергијата.

Вода – морски широчини, мирни базени или пак бурни бранови

Доколку сонувате кристално чиста и мирна вода, ова значи дека имате чувство на внатрешен мир и способност добро да се соочите со сопствените емоции.

Доколку пак сонувате немирни води и бурни бранови, во реалноста се чувствувате немирно, како нештата да ви излегуваат надвор од контролата. Бидете во допир со сопствените емоции и препознајте што сакаат да ви кажат или да ве предупредат.

Парализа – не можете да се движите

Овој сон означува дека сте земале толку голем товар во реалноста што ви создава тежини во поглед на физичката и емоционална состојба. Многу веројатно е дека сакате да направите премногу работи истовремено или во екстремно кус период.

Исто така, парализираното тело означува дека се чувствувате неспособно да преземете акција во реалниот живот. Не плашете се да преземете чекори и да ја вратите контролата во свои раце кога конечно ќе се разбудите од страшниот сон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg