Како манипулираат со вас?

7-nacini-na-koi-lugjeto-manipuliraat-so-vas-povekjeДали некогаш сте имале чувство дека нешто правите иако тоа не е по ваша желба и не сакате да го правите? Некои луѓе се многу добри во манипулирање...

 

...со другите луѓе што дури и е тешко да забележите.

Како да им влезете во трага?

7-nacini-na-koi-lugjeto-manipuliraat-so-vas

1. Ви даваат комплименти често. Секако, не треба да помислите дека секогаш кога некој ќе ви даде комплимент сака да манипулира со вас, но ако некој претерува веројатно сака да постигне нешто со нив.

2. Фалење. Ако некој безрезервно ве фали наоколу ќе добиете чувство дека нешто му должите. Ако вам некој ви дава многу, не очекува ништо за возврат, веројатно точно знае што сака и тоа ќе го добие порано или подоцна.

3. Изненадно однесување. Ако со некого одвај се познавате, а одеднаш станува ваш најдобар пријател – бидете внимателни. Ретко кој денес се дружи без причина. Ново склопените другарства со годините не се споредуваат со пријателите од детството.

4. Става зборови во ваша уста. Штом почнете да зборувате нешто, ви упаѓа во збор и ја завршува вашата реченица.

5. Очекува возвраќање на услугите. Таквите личности ќе се понудат да направат нешто за вас, што може и не ви ни требало, а потоа ќе побараат против услуга која на нив им е потребна.

6. Го предизвикува вашето его. Ќе ви каже нешто како „Ти секако не би можел(а) да си го дозволиш тоа!“

7. Игра на зборови. „Ако ме сакаш ќе го направиш тоа“, „Ако си ми пријател(ка) ќе дојдеш со мене“.
Бидете внимателни. Вистинските пријатели ретко се наоѓаат и тешко се задржуваат.

Би можело да ве интересира:

Празен паркинг и уште 6 знаци дека е подобро да го напуштите хотелот, според вработени Прегорените сијалици и прашината во лобито се само дел од ситниците што покажува...
Фото-докази дека некои луѓе не знаат да се однесуваат во ресторан Амбалажа од тампон во чинијата, расфрлана храна на подот, менување пелени на мас...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
„Направете нешто смешно со фоткава“ - Кога Фотошоп генијалци сериозно ќе си ја сфатат работата „Може ли некој да го тргне мојот бивши од фоткава?“ - луѓе на Редит бараат од пр...
Помалку познати, но значајни жени, чии откритија го сменија светот Знаете ли дека првиот компајлер го напишала жена? Благодарение на Американката Г...
6 уникатни стандарди за убавина во различни земји, кои го прават светот поживописен Тетоважа на брадата кај жените, плочки во устата на мажите... некои стандарди за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg