Лимитиран пристап до социјални мрежи и разговори: Како да се справите со нападни и здодевни роднини?
Многу е важно во животот да бидете опкружени со позитивни луѓе кои ви нудат безрезервна поддршка, независно дали тоа се роднини или пријатели.
Велат дека пријателите може да ги изберетеме, но роднините не може да ги менуваме, па мора да се помириме со нивната природа, независно дали е позитивна или негативна.
Но, освен ако не се работи за најтесното семејство, тоа не е вистина и не мора да значи дека мора да ја трпите негативноста, здодевноста или нападноста на некоја роднина.
Постојат роднини кои само сакаат да го „пикаат носот“ каде што не им е место, а не знаат да ве побараат за логична причина освен за да испитаат нешто или да ви создадат негативно чувство кое сакате да го избегнете.
Секако, не треба да се скарате доживотно, но можете преку неколку начини да се оттргнувате од нив.
Неколку трикови како да се справите со напорните и нападни роднини (или пријатели):
Поставете ги јасно границите независно колку сте блиски
Избегнувајте непријатни теми – ако сте роднини не значи дека мора да зборувате за сè
Вие контролирајте го разговорот и не дозволувајте тие да го водат
Лимитирајте го нивниот пристап до вашите социјални мрежи
Лимитирајте го времето кое го поминувате на телефон или посети
Внимавајте кои детали од животот ќе ги споделите и држете се на дистанца
Ако претераат, не се срамете и вие да покажете малку дрскост
Ставете штит и не чувствувајте вина за изолирањето
М. М. |Црнобело